Отворање на јавен Алтернативен Простор "БЛА БЛА КЛУБ"

Вечерва во 20 часот Бла Бла телевизија на градската плажа на кејот на Вардар во парк го отвора јавниот алтернаривен простор наречен „Бла Бла клуб“.

BBK

На свеченото и ритуално отворање на пиратска утопија вечерва на градската плажа ќе настапат DJ Кристина Горовска и Васко Атанасоски од Bernays Propaganda со специјален пиратски „ти чувам грб” сет. На отворањето музика пуштаат и DJ Близнаци (Даре и Жаре од Brooka Band и Пука Козметика) со специјален раперско/дувачко пиратски „ти чувам грб” сет, како и DJ Drazi Drags со ултра рап сет.

Пиратскиот клуб Бла Бла најавува богата програма:
18 април – Фонија – една декада со специјалните гости Technicolor Lies и Young Husbands
5 мај – Не Си Видел Ваков EDM со Kesko, GlodaraX и DJ Luke
12 мај – Артан Лили во живо
23 мај – Македонски Алтернативни Награди 3