Boxi со деби EP-то "Anatolian" за PMG Recordings

PMG Recordings денеска го објави дебитантското проширено издание на белградско-скопскиот артист Boxi насловено како Anatolian. ЕП-то на Boxi содржи 3 траки, звучно дизајнрани, напишани и продуцирани од самиот Бојан Средојевиќ Бокси, работени во периодот 2016/17.

По повод излегувањето на деби ЕП-то, Бојан Средојевиќ Бокси за Критика: „Секоја слика е ново патување, нова авантура. Кога започнувам секоја нова слика, ја облекувам морнарската маица. Бидејќи се подготвувам за пат. Оваа е парафраза на нешто што своевремено го изјави големиот сликар Милан Коњовиќ во едно телевизиско интервју.
Секоја од песните на ова ЕП е токму тоа: патување. Технолошки експеримент кој бара свој музички, лексички и социјален карактер.
Турските имиња од насловот и имињата на песните од ЕП-то се исто така резултат на едно патување. Колку и да тоа звучи старомодно: ова е, пак, патување кон сопствените корени, кои се исто толку генетика колку и културното наследство. Ги одбрав оние зборови од турскиот јазик за деноминација кои мене најповеќе ми звучат како поим што го означуваат.
Мојата генетиката е анадолска (во добар дел), израснав на белградскиот и скопскиот асфалт, некогаш нарекувајќи се Титов пионер и ова ЕП излегува на етикета која во некоја рака и ме создаде.“

ЕП-то Anatolian можете да го преземете од официјалната страница на PMG Recordings.

A post shared by boxi boxitron (@boxitron) on