Chromatic Point и Consecration во живо во Бла Бла клуб

Јавниот алтернативен простор Бла Бла Клуб ви ги претставува живите настапи на домашните инструментални виртуози Chromatic Point и стонер-слаџ-метал групата од Белград Consecration, закажани за 25 мај со почеток во 20 часот.

CP_C

Chromatic Point е етно прогресивна група формирана во 2010 со мотив и идеја за нова димензија на прогресивната рок музика. Црпејќи инспирација од македонскиот фолклор, тие создаваат хомогенизирана фузија на блуз, џез, метал и фолк. Досега бендот има снимено три независно издадени студиски албуми, Златен пресек во 2012, Слики од старата куќа во 2014 година, како и Изгрев во 2016.

Consecration е стонер-слаџ-метал бенд кој доаѓа од главниот град на Србија кој ја дефинира својата музика како атмосферски рок, со акцент на постојана еволуција и редефинирање на сопствениот звук и изразување. Огромното искуство на сцената го вклучуваат во петте издадени албуми, од кои последниот – Гроб, претставува крај на трилогија (заедно со Цимет и Универзум зна).

Тричасовното концетно дружење со Chromatic Point и Consecration на 25 мај во Бла Бла клубот ќе ве чини само 200 денари, влезници само на врата.