Промените почнуваат денес: Поделете ги домашните обврски!

После 8-мо мартовскиот проглас, Бори се женски, овој пат со канцеларијата на UN Women во Македонија, во акција да предочат и информираат за дел од проблемите врзани за родовата нееднаквост во Македонија, помеѓу кои и родовата (не)еднаквост во извршувањето на домашните работи. Ваквиот тематски фокус произлегува од темата избрана на глобално ниво за овој 8-ми март, а тоа е родова еднаквост во врска со работата.

UN
Статистиката покажува дека жените поминуваат значитечно повеќе време во извршување на домашните работи и во грижа за други лица во домаќинството споредено со мажите и дека, како и многу години наназад, жените кои работат носат двоен товар – на вршење на работата на работното место и потоа вршење на домашните работи. Поради ова, овој 8-ми март активистки и членки на Бори се женски со перформанс во Градскиот трговски центар во Скопје пробаа да ја подигнат свеста кај случајните минувачи за родовата нееднаквост во врска со неплатениот труд, родовиот јаз во платите и други прашања во врска со родовата нееднаквост за кои можете повеќе да чуете од видеото кое во голем дел е базирано на овој перформанс. На видеото изработено од оваа акција, кое што го споделуваме тука, тие разговараа со минувачите појаснувајќи ја акцијата и споделувајќи информации во врска со родовата нееднаквост.
Покрај перформансот, на видеото можете да ги чуете апелите на жени-активистки од различни професии за родова еднаквост и важни родови прашања. Тие говорат од свое име а за сите жени кои секој ден го движат нашето општество а кои остануваат невидливи.
Со овој пост, Критика им оддава признание на “невидливите жени” и повикува на поголема свесност во врска со родовата нееднаквост и започнување со промените денес и веднаш, за почеток „во сопствениот двор“, преку поделба на домашните обврски во домот. Или, да ја цитираме Ана Василева, една од основачките на Бори се женски и најсилните гласови за родова еднаквост во Македонија – „Поделете ја „женската“ работа“.