Нискоградба со ново издание - Memories

По дебито Rainmaker за домашната инди етикета Шарла, Нискоградба денеска и со ново издание – Memories, овојпат за веб страницата AMPEFF.

N-M-EP
Нискоградба продолжува со својата сонична понуда сега на vaporwave, амбиент делот од аудио спектарот. Вешто детектирани моменти од филмска и евтина поп музика од 80-тите (во стилот на William Basinski, Oneohtrix Point Never, The Caretaker), се репетирани скоро до степен на интоксикација како би се генерирала хипнагога и маглива атмосфера исполнета со егзистенцијална анксиозност, носталгија кон иднината со изминат рок како и со тегобни и безтелесни мемории кои неочекувано попримиле однесување на независни животни форми.