[видео] 55 години ансамбл Мањифико

Пантелеј Кочовски – Панче, Крсто Таушанов, Димитар Томов – Митко и Невенка Кочовска, попознати како Мањифико, во своето 31-годишното постоење настапиле во 37 земји, остварувајќи 3700 концерти, како и 600 добротворни настапи, со проценка дека концертните настапи на групата ги посетиле преку седум милиони посетители. Дискографијата на „Мањифико“ вклучува 28 мали плочи, пет албуми, четири аудио-касети, една видео-касета, три компакт-дискови и едно ДВД. Речиси сите изданија на „Мањифико“ биле продадени во златен или сребрен тираж. Нивниот концертен репертоар вклучувал вкупно 320 песни, најмногу од латиноамериканското и шпанското поднебје, но и македонски староградски песни.