ДримОN Фестивал 5 „Грaдиме нови генерации“

Петтото јубилејно издание на фестивалот за процесирање култура „ДримОN“ оваа година ќе се одржи од 26 до 30 јули на Летната сцена на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

DO3

Богата концертна и диџеј програма, Паратисима ликовен павиљон, aртивистички павиљон, летно кино, театарски претстави за деца и возрасни, зелени креативни работилници и активистички предавања за деца и млади… се само некои од содржините кои оваа година ги нуди ДримОN. Оваа година фестивалот застанува зад каузите „Со селекција против депонии“ – артикулирано преку програмата на Зелената Чил Аут зона и „Учество на жената во јавните политики“ како трансферзала во дискурзивно уметничката селекција на фестивалот.

Во склоп на престојното издание како главни изведувачи на третиот фестивалски ден 28 јули (петок) со целовечерен концерт ќе настапат Фолтин, по кој следи настап на гостинот од Милано, Италија – DJ Аrdiman, кој иако е тотално слеп маестрално владее со подиумот и прави незаборавни drum and bass забави. Веднаш по неговиот настап фестивалот продолжува со дел од екипата на Conquering Lion, кои ке се претстават преку нивниот проект Natty Fiyah SS.

На четвртата фестивалска вечер 29 јули (сабота) конечно за првпат во Струга ќе имате можност да ги гледате Bad Copy кои спремаат ексклузивен настап за публиката на Дримон и за вечерта да биде совршена после концертот на сцена ке го имаме DJ Гоце.

За финале на последниот фестивалски ден ќе настапи скопскиот hardcore/crossover бендот Тrendkill.

Цената за дневен викенд билет изнесува 200 денари во претпродажба, 250 денари на врата, додека цената на блок билетите со кој ви се овозможува пристап на четири фестивалски вечери ќе бидат во строго ограничен број и ќе можете да ги набавите по промотивна цена од 400 денари, преку mktickets.
Дневните билети за концертите на 27 и 30 јули ќе можат да се набават исклучиво на врата по цена од 100 денари.