Теорија на заговор

Кон албумот “Syro” на Aphex Twin

Во исчекување на 23-ти септември, денот на официјалната промоција на новиот албум на Aphex Twin – Syro, прво што доаѓа до израз е обвивкатана албумот и новата ѓаволска трејдмарк насмевка на Richard D. James. Вистински повод многуте следбеници на неговото дело изопачено да се покорат на повторното доаѓање на спасителот на електронската музика на сличен начин како што мнозинството верници блажено го гледаат (и чекаат) Исус од иконите. Никој (вклучувајќи ги и атеистите), во никој случај нема да се обиде да го одмине или игнорира овој албум бидејќи лесно може да се случи да ви го постават како тест прашање пред да сакате да влезете во рајот.

AFX

Не е познато дали во рајот има wi-fi (и кој е пасвордот) ама долу на Земјата уште секавично владее добата на интернетот полно со искушенија. Најочигледната придобивка кај интернетот е пристапот кон информацијата. Секако, главната причина во последните 20-ина години музиката да се развие и разложи на милион разни иновативни начини, да придонесе во океанот од индивидуални уникатни појави. да се одвои една ама вредна, наречена Aphex Twin. Без интернетот секогаш демнее опасноста многумина кои го имаат потенцијалот на Рич да завршат како Llewyn Davis во In Llewyn Davis, да си шмркнат со носот кога на крајот на филмот ќе видат како Боб Дилан ќе се качи на сцената со неговото – “Ќе има повеќе среќа”. Со помош на интернетот никој нема право да не успее.

Другата страна на информацијата достапна преку интернетот е “темната страна на месечината” и сите дезинформации кои ја обременуваат нашата наивна невиност. Во овој случај, може да биде коментирана и пренесена преку една креативна оксиморонска шега која вели дека 90% од информациите на Wikipedia се лажни. На прашањето како знаете за тоа, тој/таа одговара: Па преку Wikipedia.

Иако официјално недостапен за повеќето кои што сакаат да го имаат Syro албумот сега! исто како и за оние кои можеби сакаат да го критикуваат дури порано од сега, приликата да се даунлодира она што веќе постои на интернет е секогаш присатна и веќе достапна. Засега, во вистинското издание на албумот уживаат само оние кои ги добиле промо изданијата од Warp. Затоа, овој текст не си допушта сеуште да се занимава со албумот бидејжи официјално е познат само ветувачкиот сингл: ‘minipops 67 [120.2][source field mix]‘. А сите градови каде Warp лансираше промо слушање е веќе завршена работа за оние посреќните.

FINAL MASTER SYRO DIGIPAK.indd

Неофицијално, неколку верзии на овој албум онлајн го привлекуваат вниманието заради веродостојноста на матерјалот. Веќе излегоа натписи дека не може да се открие потеклото на една верзија која е и најинтересна за слушање. Во споредба со рецензиите кои го опишуваат вистинскиот Syro, таа верзија не може да биде оригиналот. Самите преписки во кои се дебатира на таа тема, што може да биде а што не може да биде негово дело, се резултат на таа голема интернет забуна. Чуди тоа што многу од тие траки изгледаат како токму Тој да ги има создадено. Тука некаде почнува да се одмотува една хипотетична, помалку забавна а во крајна линија непотребна претпоставка провоцирана од тие онлајн случувања каде прво среќаваме разни Syro верзиии со исти имиња на траките на share програми (дури и на јутјуб слушање) а потоа следуваат коментирите колку таа музика е фејк или не.

Главната причина за оваа теорија на заговор е самиот профил на Richard D. James. Класичен mind fucker со педигре кој, во една смисла придонесе за поголема слобода во изразот и револуцијата во електронската музика како неспорна највлијателна личност, а во друга крајност знае непречено како да си го направи животот поинтересен, да поседува стара банка, тенк и руска подморница. Истотака, штета е да не се биде љубоморен на следното:

– I’ve heard that the Ministry Of Sound club is a neighbour of yours.
RDJ: Yes, and if the queue is long enough it goes all the way to my house. Sometimes I throw water balloons on the people that stand there with my friends. I do that on a regular basis, although the last time is already three months ago. We just do it from the roof. It’s wicked because nobody knows where it comes from. It’s really dark and you can hide easily. (извадок од интервјуто 2001 за groove.de)

Сигурно дека не беше дел од неговиот план кога во првата половина на 90-тите по нарачка на Pirelli им прати DAT касета за нивната реклама, а тие му ја вратиле демек непто не во ред додека не сфатиле дека баш тоа е таа музика кој тој ја пратил. Често се случува тоа со големите очекувања на обичните смртници што може да биде а што не негова музика. Уште еден доказ како неговото име беше/е поголемо од неговата музика.

Колку од таа музика која сега е достапна “под маса” т.е. “по жица”, е каректеристична за самиот Aphex Twin? Дали оди на едно ниво над сите и дистрибуира некоја друга своја музика (која дополнително ја има во изобилство) во повеќе верзии преку разни канали како би ги збунил сите кои сакаат да проценат што е тука “вистинското” и колку од нас ќе загризат на неговите јадици додека се наоѓаме во небрано.

rdj-13

Еден друг mind fucker, Stanley Kubrick го ангажира Peter Sellers да глуми 3 улоги во Dr. Strangelove (првично требало да глуми дури 4 улоги заедно со ролјата на пилотот). Скромна аналогија во прашањето, разни пораки преку ист извор. Кој би бил впечатокот ако во тоа време не знаеле за Питер Селерс пред промоцијата на филмот.

Не се заборава ниту фамозната случка кога Richard D. James во авион го заборава т.е. губи хард дискот полн со негова необјавена музика. Следува извадок од истото интервју за groove.de 2001 на истата тема, истата година кога последното лонгплеј на Aphex Twin излегува под името Drukqs:

– Didn’t you have a copy of the music on your harddisc?

RDJ: Oh, I didn’t lose anything. I have the copies. I think I would‘ve committed suicide if I‘ve lost the masters. Since then I’ve been keeping my eyes peeled on the internet. I thought that they would appear somewhere in about five seconds. I had written „Aphex Twin – Unreleased Tracks“ on it! (laughs). If they’d started to put the tracks on the internet I’d be round their house – wherever it would be in the world – and get my fucking things back. But probably an air stewardess nicked it off the plane and they looked about 35 and they were probably into Bryan Adams or something like that. And if they would’ve heard it they would’ve probably just deleted it. If a fan would have got it I wouldn’t mind at all. It’d be a very nice present for someone to get it. I’d like that as long as they wouldn’t put it on the internet and destroy my earnings for like the next ten years. I told Tom (Jenkinson) very quickly but I think he didn’t listen to what I said. (laughs) So that’s why I wanted to put out as many tracks as possible as soon as possible. I was gonna stick out four cds but it would’ve just been overkill and it would have been too much work. A double is already a headfuck – just to get everything right, the artwork, the mastering, the cutting and all that.

За да се засоли повеќе оваа теза, досега Warp не ги има избришано/забрането тие неколку јутјуб Syro албуми, а можат да го направат тоа во секој момент (но никако без негова дозвола). Знаат тие дека сите “ние знаеме” дека тоа се фејк албуми и дека слободно може да чекаме во ред на улица пред продавниците на 22/9 наспроти 23/9 како би го добиле вистинското нешто. Веќе ја препознаваат ургентоста на случајот и знаат дека ќе ја изиграт маркетиншки доволно успешно на сличен начин како Apple со iPhone-овите. Би личело уште еднаш Comme to Daddy да пее во позадина за дочек на сите фанови пред влезовите додека не дојде моментот да ги стават слушалките со новата музика.

Иако денес има 43 години, две деца и живее во рурална средина во Шкотска, воопшто нема да биде фер да му го скратиме задоволството да ја игра непречено puppet master улогата и на елегантен начин да се шегува со нас и со реалноста бидејќи ние и реалноста го заслужуваме тоа. Но, во исто време ни допушта токмупоради тоа ново первертно чувство да се забавуваме на сите тие негови лудории кои ги подготвува без притоа никој да се повреди (освен ако не се смета на ранливото его).

И за крај, последен извадок од истото интервју 2001 за groove.de:

– Is it true that you’ve recorded material in the past that has come out under other people’s names?

RDJ: I’ve done other tracks for commercial things but no one has ever worked them out. Oh and Squarepusher, that’s me. (laughs)