Blla Blla Blla... со втор концерт во МКЦ

BBB@MKC

Blla Blla Blla… вечерва во киното Фросина во Младинскиот центар во Скопје го промовираат својот последен албум Brum për Medioferr, првото винилно лонгплеј издание на бендот.

 

Вечерашниот концерт на Blla Blla Blla… во кино Фросина е распродаден. Организаторот најави и втор концерт во кино Фросина, веќе во петок на 3-ти ноември. За вториот концерт на Blla Blla Blla… картите се веќе во продажба, до 19 часот ќе чинат 200 денари, од 19 до 21 часот – 400 денари. Истите можат да се набават и на продажните мрежи на MkTickets и Купи Карти За Сè.