PMG Kolektiv

80Ти | видео

80Ти” е првиот сингл од новото, 6-то по ред издание на PMG Kolektiv, албумот ExYou, кој ќе се појави во почетокот на 2015-та година.

Видеото кое ви го претставуваме е изведба на “80Ти” во рамките на промоцијта во живо на истоименото ЕП, на 15 октомври 2014, во музичката продавница Пола Југотон во ГТЦ, Скопје.

Другите две песни од ЕП-то, Атмосфера и JFK (live) нема да се најдат на албумот. ЦД-то “80Ти” (во ограничена едиција) можете да го најдете во Југотон и Пола Југотон, а во меѓувреме за бесплатно превземање од следниот линк.

PMG_K

Актуелна постава на PMG Kolektiv во живо: Мирко Попов (машина, вокали), Синиша Евтимов (гитара), Александар Гавровски (бас), Теа Шалдева (вокали) и Дарко Јорданов (синтисајзер).