Demon's Claws, Ема и Мариналеда во Дуња

9 и 10 февруари 2018 Социјален центар „Дуња“

Социјалниот центар Дуња за овој викенд ги најави концертните настапи на канадскиот гаражен рок бенд Demon’s Claws, како и концертите на домашните Ема и Мариналеда.

DC

ME@D

Во петок гостуваат гаражните фолк-рок и кантри-блуз Demon’s Claws од Монтреал, бенд кој постои од 2003-та и кој својот жанр го опишува како микс на панк звукот од 60-тите со сурови фолк мелодии. Издаваат за In the Red Records и досега имаат 5 албумски изданија зад себе. Во мементов се на европска турнеја и концертот на 9-ти февруари во Дуња е нивно прво претставување на овие простори.

Домашните состави Мариналеда и Ема ќе настапат во сабота на 10-ти февруари. Ема е пост-хардкор бенд од Битола, Велес и Ченто и во Дуња ќе се претстават со својот прв настап. Мариналеда е пост-панк бенд од Скопје, составен од Марко Новески на гитара и вокал, Владо Крстевски на тапани и Благоја Камчевски на бас. Досега имаат издадено две проширени изданија за Балкан ВеликиСкопје и Пред огледало прашај се.

Концертите во петок и сабота се закажани за 20 часот, а влезниците се на препорачана донација за поддршка на бендовите.

Социјалниот центар Дуња се наоѓа на улица Рајко Жинзифов 22 во Скопје, веднаш зад автобуската станица спроти Градежниот факултет.