Maximum Rocknroll Global Edition во Скопје

A Day of Punk and Hardcore Gigs Worldwide

 

MRR_WW

Maximum Rocknroll е магазин кој ја покрива интернационалната DIY punk, hardcore и garage rock сцена од 1982 година, а на магазинот му претходеше радиото кое емитува програма од 1977. Скопската DIY сцена се вклучува во интернационалниот настан –  Maximum Rocknroll Global Edition / A Day of Punk and Hardcore Gigs Worldwide со цел да се крене свеста за тоа што се случува денес во андерграунд заедницата. На матинето ќе се собираат донации за магазинот, а организаторот нуди веган храна подготвена Кула и Храна, А Не Оружје.
За сите љубители на плочи, ЦД-а, касети, маици, торби – дистро штандови на Deny rec. , Coffee Mug Booking, Sixtynine Records и многу други.
Настапуваат: LeitmotifSürtükler и Арлекин.
Сабота:13:00 – 19:00