[преслушуваме] Mnemonic45

Adis [самоиздание]

adis

„Минатата пролет за време на планинската прошетка, на крајот на денот, во далечина видов стадо овци и пастир. Додека се приближував, видов дека пастирот е дете. Потпирајќи се на голем камен тој ја погледна групата планинари што тука поминуваа. Одвојувајќи се од групата, се упатив кон него. Неговото име беше Адис, ми рече. Тој оди на училиште и по училиштето го чува стадото. Го прашав дали можам да го фотографирам. Срамежливо се согласи. Поделив неколку ореви, смокви и чоколади со Адис.
Оваа звучна разгледница е за Адис и неговите прошетки низ планинскиот пејзаж.“

Фотографии и звук: Mnemonic45

30 јануари 2018 самоиздание