[видео] Алембик

Во живо во КСП Центар-Јадро

„Алембик“ се Виктор Танасковски (електрична и акустична гитара, бас гитара, мандола, вокал) и Ива Дамјановски (клавијатури, вокал, теремин). Нивната музика е обид за спој и реобмислување на различни музички жанрови, користејќи експериментални и атипични начини на произведување звук преку (алхемиска) игра со музичките елементи (оттука и идејата позади името). Во моментов работат на првиот, истоимен албум во продукција на Нино Спиркоски. Гостин на гитара - Филип Ефински.