Го изгубив лап-топот ама имам бркови, свирам во Бернејс, уште 7 настапи до крајот на турнејава и еден куп нови другари

Bernays propaganda 2020 турнеја извештај: @ Chmury, Dragon Social Club и Schokoladen

Пуштив

бркови. Ме немаше со репортов едно 4-5 дена. Добро си поминуваме. Тоа се три факта кои морам да ги спомнам пред да продолжам со пишување. Сигурно се прашувате каде бев неколку дена? Па на турнеја!!! Го изгубив лап-топот, имаше неколку јаки дружења пред и после концертите во братска Полска, така да пишувањето ми падна во втор план. Пошто пишувам од позајмен лап-топ нема да можам многу да се ширам така да ќе ми извините.

Полска во нашите срца, во нашите срца мазурка. Што да ви кажам а да не се расположам за овие три дена во Полска каде што отсвиревме три прекрасни концерти заедно со Huta Plastiku во Вроцлав (D.K. Luksus), Варшава (Chmury) и Познан (Dragon Social Club). Сето тоа го средија Мациеј (Sideways Booking) и Гоц (Akasha Booking) а безпоштедно медијски го покрија Radio Kafana.FM… да сумираме. Љубовта меѓу нас и Полска сè уште трае, добро е тоа да се знае… дури ни неколкугодишното отсуство не го растури тоа. Фала и браво. Три дена се дружевме со овие луѓе и останаа прекрасни сеќавања позади нас. До следната средба драги Пољаци. Во Берлин иста приказна. Шефот Миран (Moonlee Records) човекот кој има најдебело досие за соработка со нас и човекот кој ја среди оваа турнеја верувале или не веќе е во Берлин и има стан а ние имаме слободен ден. Филм со среќен крај. Се појавуваат Анита (Little League Shows), нашата берлинска промотерка и Stojche кој не требаше да дојде затоа што требаше да настапува негде, ама еве го се појавува со насмеано лице и вика му го одложиле летот ради некој вирус. Слободниот ден во Берлин искочи стварно слободен. Ми се споија со концертот во Schokoladen вечерва а покрај прекрасната атмосфера на концертот каде имавме вистинска диско атмосфера создадена од луѓе од целиот свет во кој предничеа нашите драги сестри и браќа од екс-Ју имавме и убава забава после концертот кога Tear Pop to Shreds стварно мајсторски ја држеше атмосферата. Секако дека и Стојче пушти две-три траки и баш со него дочекуваме зора, све по пропис кога сфаќам дека отсвиревме веќе 10 концерти во 11 дена… ехеееееј, има и бетер. Ајде да дремнеме некој саат, нè чека Ротердам. Го изгубив лап-топот ама имам бркови, свирам во Бернејс, уште 7 настапи до крајот на турнејава и еден куп нови другари. Амин.