Не треба многу за поштен бенд да биде среќен

Bernays propaganda 2020 турнеја извештај: 25 март @ клуб Edison Bar & Ink (Унгарија)

Тргнавме од Ниш за Будимпешта одма после концертот (1 после полноќ) затоа што 600 км не се заебанција. Стигнавме на граница околу 6 сабајле и за чудо немаше многу гужва. Еден од џандарите спомна нешто околу некој вирус ама изгледа не сме го разбрале баш најдобро. Се влечевме до Будимпешта уште 3-4 саати затоа што бевме утепани од вчерашниот концерт а Дени не сакаше да се смениме за возење. Стигнавме конечно околу 10 во Edison Bar & Ink.

Лудо место во центарот на Будимпешта во кое можете да пиете крафт пиво, да се истетовирате и да гледате концерт. Не дочека Џони, насмеан дечко со голема брада и многу тетоважи. Ни посака добредојде, не смести и ни рече дека сме слободни до 6 поручек, до тонската проба. Седнавме пред местото да испиеме кафе и за 1 саат веќе бевме заспани. Едвај се разбудивме за тонска. Местово е лудило. Цело време се мота весела екипа која живее свој начин на живот, така да лесно се уклопивме во средината. Реално, бевме свесни дека речиси никој нема слушнато за нас тука иако свиревме и Сигет и пар клубски настапи предтходно ама нема сега да плачеме. Вечерва мораме да завршиме до 22:00 така да почнуваме точно во 20:30. Околу 7 доаѓа Џони и ни носи некаков Маџарски специјалитет ама веге варијанта. Добра екипа се луѓево од баров. Живеат живот каков што сакаат и направиле стварно добро место. Почнуваме на време пред нешто повеќе од 50 луѓе( ако влезат уште толку нема да може да се дише!). 30-тина луѓе се дојдени за нас,претежно луѓе од екс Ју… а останатите се случајно затекнати туристи, локални симпатични пијаници и по некој свежо истетовиран. Тина меѓу песните зборува на Маџарски така да за 30-тина минути се создаде убава атмосфера. Луѓето играа, палинка на сите страни а ние газиме како да ни е последен настап во животот. На крај концертот го завршивме пред 70-тина луѓе и буквално сите побараа да купат маица или плоча од нас. Извинете екипа, нема место за такви работи во нашата кола…едвај има место за нас:) Седиме полу-мртви после концертот, се дружиме со луѓето и добро ни е. Не треба многу за поштен бенд да биде среќен…дајте само место каде луѓето сакаат да се собираат ради музика и ете:) Секако, Џони ни кажа дека сме добредојдени во секое време за иден настап, се изгушкавме со екипата од Македонија која живее тука некое време и правац кревет. Утре Братислава!!!