Се нацртавме на островот Часе уште рано, рано. Сакавме да зграбиме две среќи… сонце и вода, рачунајќи дека воздух ни е гратис. В’лтава пред нас, ние пред неа. Си се гледаме и си уживаме. Го чекаме нашиот стар другар Милан, кој некогаш ни организираше концерти кога бевме панкери а сега ни организира кога сме пост панкери. Се надевам дека ќе ни организира и кога можеби нема да бидеме панкери, ама да не зборам пред рука зошто знаете како е со панкот, никад не излага од тебе. Ќути, наша среќа. Вечерва настапуваме на Жижковска ноќ, фестивал кој се одржува на повеќе локации во истоимениот кварт наречен по опасното реформаторско војничиште Жижка кој го има победено никој друг туку Зигмунд, заебаниот папист и император. Да знае Жижка што се случува денес во неговиот кварт можеби би станал од гроб и нас би не потепал. Но што ќе ти е тој кога еве го нашиот брат Милан Трахта како доаѓа во наш правец. Следуваат вообичаените гушкање и интерни заебанции кога некој драг не си видел долго време за веднаш после тоа да дојде објаснувањето дека свириме во супер клубот Fuchs2 како ко-хедлајнери на бината на Full moon магазинот. Опааааа, мал притисок… значи така играме, вечер мора да растуриме. Уште поголем притисок падна кога дознавме дека клубот има капацитет од 800 комада. Ова е само дел од програмата на фестивалот на кој на уште неколку локации таа ноќ во Жижка цуркулираат над 10000 луѓе. Таман се зазборевме со Милан кога од далечината приметувам опасно легендарна фигура, мој пријател уште од 90-те, човек кој ретко пропушта наш настап и кој дефинитивно знае да се движи… дами и господа, другари и другарки: Пикисипииииииииииииии!!! Аутоматски, веќе добрата атмосфера стана одлична. Меѓу другото Мите кажа дека вечер ќе дојдат уште многу други Македонци што неè натера да се чувствуваме како културни амбасадори. И стварно така бидна… дојдоа 800 луѓе од кои добри 30-ина наши земљаци, бендовите со кои заедно настапувавме беа супер, атмосферата прекрасна, услови совршени за игра, сите танцуваа, се смееја, се држеа за раце, рибите пливаа, љиљаците летаа, цвекињата цветаа и светот беше убаво место за живеење. Може ли вака секој ден? Ајде да пробаме!!!