Cannibal Corpse во Скопје

18 јуни 2019 МКЦ 19:00

За секој од поголемите светски бендови секогаш може да се напише дека во нешто се пионери, дека се најдобри и најголеми и да им се залепат уште многу епитети. Меѓутоа ретки се бендовите за кои тоа вистински важи.

Cannibal Corpse е бенд од првата петорка на американската death metal школа од крајот на 80-те и почетокот на 90-те години, бенд кој буквално измисли свој правец, кој инспирираше и сè уште инспирира нови генерации од целиот свет да свират Cannibal рифови.
Предводени од виртуозот на бас гитара Alex Webster, машината за рифови Rob Barret и буквално вистинскиот ѕвер на микрофон George ‘Corpsegrinder’ Fisher, Cannibal Corpse повеќе од 30 години се неприкосновени во металскиот свет. Со 14-те студиски албуми зад себе и десетици други изданија, важат за еден од најкреативните бендови на сцената.
Red Before Black е нивниот последен опус кој летово ќе го презентираат низ Европа, а за првпат ќе свират и кај нас.

Првите 100 влезници се по промотивна цена од 800 денари, наредните влезници 1000 денари, додека на денот на концертот влезницата ќе чини 1200 денари. Влезниците можат да се набават на билетарницата на Младинскиот културен центар во Скопје, како и онлајн на bileti.mkc.mk и мрежата на mktickets.mk.

Концертот на Cannibal Corpse е во организација на Terrorvoid Promotions.