White Lung

Deep Fantasy

После нормаланата две годишна пауза помеѓу издавање на албуми, во летото господово 2014то излезе третото LP на White Lung, наречено Deep Fantasy. На оваа плоча Канаѓаните го сменија издавачот, од предходната куќа Deranged, се преселија во “посилната“ Domino. Исто, друга новост на овој албум е што прв пат снимаат како трио, те предходната басистка Grady ги напушта пред снимањето, снимаат без постојан басист во бендот (бас линиите ги снима гитаристот Kenneth) а после снимањето во бендот доаѓа Hether од Wax Idols.
На ова издание имаме стандардно 10 брзи, на моменти хаотични панк рок песни склопени во 22 минути и музички претставува логично продолжение на предходниот Sorry, нема да слушнете експериментирање со други правци, нема да приметите разлика во бас линиите, едноставно различно е само тоа што ова издание звучи по компактно, како хемијата помеѓу тројката да е појака од било кога. Албумот се слуша во еден здив од почеток до крај, а и успева да ти го задржи вниманието целосно, што мора да се признае и не е многу тешко со албум од 22 минути.

wl

Музички, бендот е ептен спремен, ритам секцијата е ептен жестока, од првата до последната секунда, вокалот е чист, релативно висок и на моменти звучи нестандардно за оваква музика, бојата и висината на гласот од време на време ме потсеќаат на вокалката на Babes In Toyland, но иако е нестандардно, сепак многу добро е вклопен.
Единствениот маж во бендот е гитаристот Kenneth и стварно имаат причина зошто жниве го држат у бендот.  Гитарата на овој албум, а и генерално на сите издаија на White Lung е тоа што ги прави различни од сите други бендови. Kenneth не се плаши да експериментира со правци кои тешко може да ги поврзете во главите, па така покрај сурф основата и делимичното влијание од Dead Kennedys, на моменти може да се чуе и влијание од разни метал правци.
Текстуално, White Lung и немаат баш нешто многу да кажат како нивните колеги панкери (ова не е кажано како негативна критика, туку само како за споредба), Mish May раскажува туѓи и свои (најчесто негативни) искуства, депресии, хипокризија, сексуално насилство и тн. Со текстовите нема да го сменат светот, ама кому му е гајле…