Technimatic

Desire Paths LP

Technimatic е drum & bass дуо составено од продуцентите Technicolor и Komatic. Музиката кои тие ја прават може да се опише како квалитетен, музикален и евокативен днб. Почетокот на нивната соработка беше некаде во 2008 година со издавањето на синглот Preacher. Во 2012 потпишaa ексклузивно за Shogun Audio на DJ Friction и две години подоцна го издадоа својот првенец Desire Paths. 14 траки богати со мелодии, соул вокали и примеси од старата школа.

Долгото мелодично интро, бас линијата и носечкиот луп со конги ја прават Perseverance идеална за отварање на албумот. Следува Beneath the skies, која го го зголемува темпото и зема сериозен замав. Пиано возечката Looking for diversion и минималистичката Music is music ја заокружуваат првата третина на албумот. Работите стануваат малку збунувачки со Night vision кога од никаде се појавува малку подзаборавениот “Liquid” звук. Истото се случува и при крајот на албумот со Like a memory. Сепак тоа е онаа продукција по која е познат Komatic. Во последната третина од албумот изненадно се појавува мелодичната Mucky Jeff. Брејкбит со со отсечени бас ноти и фанки гитара која не изоставува со квалитетен аранжман позади своите побрзи браќа.

Technimatic

Траката која го затвара албумот е Lost time. Веројатно најбогатата трака на албумот. Тоа е парцијално така бидејќи тука амен брејкот е паметно изигран и прецизно залепен врз падовите на неколку нивоа.

Desire Paths LP е уште еден доказ дека во Shogun Audio сеуште се одржува квалитетот на изданијата. Иако на албумот има пар траки кои помалку штрчат од целиот мелодичен концепт, мислам дека истиот ке биде причилно успешен во неговата демографска група. Сликата која Technimatic со овој албум сакаат да ја прикажат е дека се едни од оние продуценти кои го задржуваат својот звук и не одат на комерцијално растечкиот кој моментално владее со јутуб генерацијата. Барем засега тоа е така.