[преслушуваме] Димитра

Скитник [Шарла сингл клуб]

◄ музика и текст ▲ Димитра Цилевска ▼

Со штит кон сите опасности,
гнасно значење, а краснопис.
Стандарди во вис,
а никако release.

Дојде од своите комори,
прогиба, отвори,
со ракија охрабри
за борби умотворби.

Лукаво проговори – мајтапски преговори
за прототип неолит, робокап бледолик.
Не бива човек без мит,
не бива војник без штит.
Треба работа за пикник,
а радо би да сум скитник.

Поќе боем
него поет,
да го талкам сиот свет
во неред,
без терет,
без перде,
безвремен,
безвезе,
без мезе,
кругот е тесен а авторот бесен
па нејсе,
ти смејсе,
вицот е лесен, слушателот стресен,
олабајсе,
број до двајсе,
сите се криви а кривите кај се?

Не бива портрет без лик.
Не бива фетиш без фрик.
Треба филинг за мајнтрик,
а радо би в темница со летрик.

Поќе зен
него во ек,
без рефрен,
без мисловен тек,
Сид Берет,
без ремет,
во ендек,
без плејбек,
на пејчек,
ај пеј дет,
но пејбек,
ај рекет.

Поќе зен него поет,
поќе бренд него во рек.

Со штит кон сите опасности,
гнасно значење, а краснопис.
Стандарди во вис,
а никако release.

Дојде од своите комори,
прогиба, отвори,
со ракија охрабри
за борби умотворби.

Лукаво проговори – мајтапски преговори
за прототип неолит, робокап бледолик.
Не бива човек без мит,
не бива војник без штит.
Треба работа за пикник,
а радо би да сум скитник.

Поќе боем
него поет,
да го талкам сиот свет
во неред,
без терет,
без перде,
безвремен,
безвезе,
без мезе,
кругот е тесен,
а авторот бесен
па нејсе,
ти смејсе,
вицот е лесен, слушателот стресен,
олабајсе,
број до двајсе,
сите се криви а кривите кај се?

Не бива портрет без лик.
Не бива фетиш без фрик.
Треба филинг за мајндтрик,
а радо би в темница со летрик.

Поќе зен
него во ек,
без рефрен,
без мисловен тек,
Сид Берет,
без ремет,
во ендек,
без плејбек,
на пејчек,
ај пеј дет,
но пејбек,
ај рекет.

Поќе зен него поет,
поќе бренд него во рек.