Avey Tare's Slasher Flicks

Enter the Slasher House

Заедно со Panda Bear, Avey Tare (неговото вистинско име е David Portner ја чини фронталната линија на долгогодишната заводлива езотерична формација Animal Collective Во овој случај, со поддршка на Angel Deradoorian (Dirty Projectors) и Jeremy Hyman (Ponytail, Dan Deacon), Avey се впушта во нов поход, вообличено во power-tri реализација. Нормално дека тука многу нешта мирисаат на специјалитетите направени од кујната на Animal Collective но сепак следејќи ја силинита на звуците, триото повеќе делува како гараж бенд. Албумот доловува компактна целина без разлика на високите (понекогаш прегорени) тонови кои се форсираат во продукцијата. Таа карактеристика не е ништо ново за секој член на Animal Collective, ако се знае дека неодминливата психоделија го одликува секое нивно CV. Понекогаш не делува толку комотно целата таа естетика кога се препознаваат во музиката (или пак се гледаат во живо на нивните настапи) сите тие фосфорни силни бои. Ама, што да се прави, за тоа веќе постои оправдување. Little Fang е една од песните која дели од останатите според тоа како бајковито шармира од глава до петици, и секако дозволува да се активира repeat копчето. Постојат уште неколку траки кои го дозволуваат во целост позитивниот осврт кон овој албум. На доста едноставен начин во ритмичен став, со стартен адреналин и умерена еуфорија, друштвено цел албум може да се слуша по патот кој води кон посакуваната дестинација во природата. А таму веќе можеби ве чека Avey Tare.