Bernays propaganda

EP

Благодарејќи на Bernays propaganda и нивното дебитанстско “мало издание” Скопје е повторно вратено на балканската, па и пошироко, музичка мапа. Необременети со минатото, осведочените стрејтери овојпат помеѓу хардкорот и акустиката (инаку нивен вообичаен вокабулар овие години) избраат терет пат. Тие би пееле и мудрувале, а притоа и играле. Може да се каже – им успеа.
На ова издание на Бернејс му претходи долга, речиси петнаесет години турбулентна приказна која практично е невозможно да се раскаже. Анархизам, самиздати, безброј сплит изданија, вегетаријанство, феминизам… се категории кои со години се врзуваа за нивното име. Со хипотека на хардкор (но и акустични spoken word) бендови зад себе – Boombyx, TK.SK, FxPxOx, THis HOme is Prepared, ова е нивната прва колекција со потписот Bernays propaganda. Овојпат, одат чекор понатаму и навидум излегуваат од контракултурната сцена, засолништето во кое со години припаѓааа. Но… музиката се менува, ставот останува ист. Да се обидеме вака: Тина на вокали, VaskoxxxObsessed на гитара , Мунгос на бас и DzanoxThrashopath на тапани, минатата година тргнуваат во практично невозможна мисија – да си поиграат со “староновбран” естетика и да направат бенд кој би ве натерал да играте (и размислувате). Работејќи по принципот “тука и сега” бендот ќе се најде во фокусот ма интересот со само еден настап и еден единствен сингл. Со приемливоста на нивната деби песна “Хомо или Сапиенс” предизвикуваат колективна мини еуфорија на домашната сцена. Во колоквијален тон и на раб на карикатура, Бернејс отворено се впуштаат во полемика со сјајот и бедата на транзициското општеството во кое живеат. Нивната позната приказна, за почеток … Следува сингл на годината на листата на локалното радио Канал 103, долгоочекуваното ЕП издание (за прилично активната PMG Recordings), концертна промоција во театарот Центар… и работата е очигледно завршена. Бернејс донесуваат само четири песни на оваа колекција, но, се чини доволно иронично со своите минијатури да привлечат целосното внимание.

И покрај нивниот, условно кажано, нов музички израз, Васко и Тина навлегуваат подлабоко и непретенциозно покажуваат како всушност е совршено лесно да се биде едноставен, музички лежерен, но во исто време и лирски ангажиран. Критика на моќта и несаканите ефекти на современото општество се несомнено предмет на постојаниот интерес на Васко и Тина, практично нивен долгогодишен трејдмарк. И сега воглавно случајот е таков, тоа сосема (јасно) се гледа (гласно) се слуша во сите тонови на ова деби. Пеењето е можеби најсветлата точка на Барнејс кое кулминира во “Ден пред тоа исчезнам”. Тина пее со горчина на граѓанска (не)пристојност, додека Васко&Co. нудат течен фанкрок. Добитна комбинација, би се рекло.
Најголемиот адут на ова издание е дека (пошироката) публика (конечно) ќе ги разбере. Иако наклонети кон постојани музички турбуленции не е исклучено оваа new wave екскурзија да прерасне во нешто друго. Тоа од нив всушност и се очекува. Но, додека таа мртва трка не заврши, Бернејс ќе останат бенд поради кој е повторно кул да се оди на концерти на домашни бендови.
Мало издание… големи песни.

 

Саша Павловиќ
terapija.net 17 mart 2008

17/03/2008