Grey

EP

Кратко но брутално слатко. Вака комплетен студиски материјал од страна на македонски бенд до краткиов албум од 4 песни немав слушнато до сега. Напоменувам „студиски“ затоа што Grey не знам колку се активни со настапи, за жал немав искуство да ги слушнам во живо, но ова EP одзема здив. Текстуално на моменти предвидливи но доста длабоки во искажувањата на своите социјални ставови и внатрешни побуди кон животот. И за љубовта. Според многу критики и рецензии Grey се новиот глас на рокенролот и да биде и повеќе од ветувачки ова што го прават, на повидок се настапи далеку од овие простори. И не откривам повеќе.

Grey

На музички план, силно компактни момци, со чувство за соло и делници кои на моменти звучат и прилично прогресивно. Интрото на “Use me” влагува полека, но кога започнува ритам секцијата веднаш се чувствува дека ова EP ќе биде возење од почеток до крај, а такво и е. Сите, ама баш сите 4 песни го заразуваат увото уште од прва, што е сосема чудно за ваков недефиниран стил, амалгам од хард-рок-метал со прог и кор примеси. Стилски последното слушнато на музички план (без вокалните линии) беа Point Blank пред години наназад. Вокалот, боја совршена за стилот. Убаво е да се слушне во денешно време некој да го третира вокалот како инструмент, во време во кое сме преоптоварени со брутал, граул и останатите деривати на современото пеење. Почит за тоа. На EP-то се издвојува една песна, а тоа е втората „We have crossed the line“. Уживајте во целото ЕП кое ви го претставуваме за free download.