Отворен конкурс за Првиот меѓународен фестивал на кратoк филм „ФИЛМАЈ 2019“

9 април – 5 мај 2019

Во организација на фото-кино клуб „Козјак“ од Куманово, отворен е конкурс за Првиот меѓународен фестивал на кратoк филм „ФИЛМАЈ 2019“.

Пријавувањето на конкурсот трае до 5 мај 2019 и е отворено за учество на сите филмски дела, направени од професионални и непрофесионални поединци и групи. Филмовите може да бидат од сите видови: игран, документарен, експериментален и анимиран. Кратките филмови треба да се во должина до 30 минути. Пријавувањето е со пополнување на апликацискиот формулар на следниов линк, како и на е-mail адресата filmaykozjak@gmail.com.

Фестивалот ФИЛМАЈ ќе додели три награди, и тоа: награда “Лазар Ѓорѓевиќ” за најдобра режија, награда “Радислав Ристевски” за најдобра фотографија/кинематографија и награда за најдобра приказна/сценарио. Дополнителни детали за фестивалот со известувања и новости може да се најдат на ФБ страницата на фестивалот и ФБ страницата на настанот за ФИЛМАЈ 2019. Фестивалската веб-страна е filmay.kozjak.mk.

Фестивалски проекции ќе бидат на 29 мај 2019 (среда) во Занаетчиски дом – Куманово (поранешно кино “Напредок”).

Идеи од кои се води фестивалот се следниве: ФИЛМАЈ смета дека било што може да е дел од филмската приказна, без оглед колку однадвор или настрана е од видливата и чујна содржина на филмскиот кадар, ФИЛМАЈ се начнува како меѓународен филмски фестивал, воден од идејата дека големи промени се постигаат преку низa од мали чекори, како и дека ФИЛМАЈ има намера да поттикне неконформистичко размислување со идеи кои потекнуваат надвор-од-кутијата.