Actress

Ghetoville

Ако треба да се подели електронската музика за да се најде местото на некој артист, делото на Actress припаѓа во третото ниво под земја на некој underground клуб. Не дека (ќе) нема подлабоки слоеви во клубската музика, ама тука некаде лежи нашиот зајак. Ова е веќе четврти албум на Darren Cunningham, попознат како Actress. Drone специјалист во светот на клубската музика. Иако многу нешта изгледаат пост-апокалиптично во Ghetoville, одејќи по рушевините на Детроит техното, Чикаго хаусот и хип-хопот, секоја трака како и целиот албум се раководи според некои неидентификувани битови и прима groove сигнали од некој недефиниран извор кој се стреми да ја возобнови околината. Во ситуација кога многумина можат да уживаат во мрачниот сензибилитет на албумот, она што восхитува се многуте (крцкави) мелодии во повеќе траки, иако прости и кратки, целосно му даваат значење на албумот, исто како што црешата дава до значење кога стои на врвот на тортата. Gaze е траката која може да биде предводничка на сето тоа јато на црни лебеди кои го сочинуваат Ghetoville. Многу метафори може да се залепат на оваа музика заради тоа што дели од останатите електронски појави. Накратко, делува инспиративно и мотивира да се копа подлабоко. Welcome to Ghetoville.