„Гитаријада Куманово 2019″

29 ноември 2019 Занаетчиски дом – Куманово

Утре во Занаетчискиот дом во Куманово, почнувајќи во 18:30 часот ќе се одржи Гитаријада 2019. Од бендовите пријавени на конкурсот, во натпреварувачкиот дел да настапат 9 бендови: кумановските Wardenclyffe, Cursed Heart и Rubin, со скопските Fiction и Ruststained и кичевските Inner Hate и Halfgod, како и велешаните Zima Blue и битолчаните Misanthrope.

Најпрви ќе настапат кумановските рок-ветерани (како што ги именува организаторот). Берлински ѕид“ ќе настапат пред публика за прв пат после 1996 година . Оттогаш престанале со активности. Две години претходно го имале издадено нивниот албум „Црна дама“ (1994). Составот со кој ќе се претстават е со скоро сите членови од тој момент на нивното постоење (без басистот и бубњарот). Како што ни кажа Ѓорѓи Спасовски (едниот од двајцата гитаристи): „Oва ќе е потсетување на убави денови со рокенрол. Постои желба пак да се собереме, и да покажеме дека сеуште умееме и можеме да пренесеме позитивна вибрација“.



„ЕкаНика“ постоеле во период 1985-1997, со мала пауза при крај на 80-тите кога отслужувале воени рокови. Според она што ни кажаа: „Кога еднаш жива свирка ќе влезе во крвта, таа никогаш не излегува – секоја активност носи доза на адреналин и задоволство“, може да се очекува да настапат со оригинална енергија, во основниот состав со заменски членови на бас и клавијатури.

„Лектира“ e проект на Марјан Маневски – Африка, кој преку даскалско-подучувачка мисија во последниве 15 години им дава наук на млади рок музичари. Самиот Марјан (како поранешен член на „КУ“, „Викторија“, „Царски рез“ и „Севар“) работи на тоа неговите соработници да настапуваат исклучиво со нивна авторска музика. На оваа Гитаријада ќе настапи моменталниот бенд од 6 члена.

„Тумба“ постоеле од 1981-1986 година, a на нашето прашање во кој состав ќе настапат сега, клавијатуристот Зоран Краљевски одговори: „Воопшто не е важно – сè е на куп. Микс“. Лежерноста на ваквиот одговор наведува на тоа дека е можно да се добро искулирани и фино спремени за добра свирка.

„Илинден“ биле победници на Гитаријадата од 1983 година одржана во кумановска „Соколана“.

Како гости на фестивалот ќе настапат српските бендови Majdan и Тhere, црногорците Parampascad & Bubnjivi, како и македонскиот Тhe Three Of Us.

Како што ни кажа Стефан Пантовиќ од Parampascad & Bubnjivi, тие доаѓаат да настапат по покана и препорака на членовите од кумановскиот бенд KI, со кои се имаат сретнато и дружено по фестивали. Според негови зборови, немаат доаѓано претходно во Македонија и едвај чекаат се запознаат со овдешни музички колеги. За настапување со постарите колеги, сметаат дека во рок-музиката не постои судир на генерации и дека рок-музичари се вечни деца заради што нема да имаат проблем меѓусебно да се „сконтаат“ и да уживаат заедно.

Влезот на кумановска Гитаријада 2019 во Занаетчиски дом – Куманово ќе е слободен (бесплатен) за сите посетители.