Гитаријада Куманово 2019

29 ноември – 1 декември 2019 плоштад Куманово, Занаетчиски дом

'Art Attack' го најавува првото возобновено изадние на кумановска гитаријада „Гитаријада Куманово 2019“. Настан врежан во трајната меморија на кумановчани како една од ретките можности на кои што младите бендови имале можност да го презентираат нивниот звук.

Конкурсот за овој настан е отворен до 10 ноември, а право на учество имаат сите авторски бендови и музичари без жанровски ограничувања. Патните трошоци за сите учесници ќе бидат покриени од страна на организаторот Art Attack, а за победникот на „Гитаријада Куманово 2019“ предвидена е и награда снимање на песна.

Сè што треба да се направи е да се испратат 2 снимки во било кој формат и да се пополни апликацијата на следниот линк.
Имињата на избраните бендови ќе бидат соопштени на 12 ноември.

Чест да го отворат овој настан ќе им припадне на ку-рок ветераните кои специјално за оваа вечер ќе ги возобноват нивните бендови: Берлински зид, Кворум и Тумба.

Свој настап како гости на овој настан ќе имаат: Мајдан (Ниш, Србија), Парампашчад (Подгорица, Црна Гора), Бубњиви (Подгорица, Црна Гора), There (Ниш, Србија) и The Three of us од Скопје. Настапите ќе се одржат во Занаетчиски дом Куманово, влезот е слободоен.