Уметниците носат општествена одговорност

Интервју со Lepi Xhoni на Канал 103

21 мај 2015, 15 часот. Вие сте на брановите на Канал 103. Ја слушнавме Среќа од Lepi Xhoni, нумера поместена на Песни EP од 2013-та годнина, промовирана во Менада, потоа со настап во живо на четвртото продолжение на PMG фестивалот и истата таа година некаде на крајот т.е. почетокот на следната избран за сингл на годината според музичките соработници на 103-ка. Тука во студиото е Lepi Xhoni, Johnny Handsome, во оригинал, Љубомир Ангелов, сé уште за некои музички соработници, младиот и надежен.

LX.1

Љупа, до кога млад и надежен, со свои 3 декади.
Е па веројатно ја пречекорив таа, како се вика, тој епитет млад и надежен…

…Стана искусен?
Да, сега почнувам нов живот, не? Она живот почиње у тридестој, не? Како и да е, да, доста од тоа млад и надежен, што знам, сега ваљда ти ќе ми кажеш како сум или публиката ќе каже, ваљда.

Ќе каже, се надевам на Здраво млади петката, кога ќе настапиш, ќе го отвориш овој фестивал во 12 часот. Ќе бидеш ли свеж, со оглед на тоа што спаѓаш во сојот на ноќни птици, да не речам скопски вампири, кои што не љубат баш рано да стануваат, а треба во 12 да се нацрташ и да им кажеш добар ден на пријателите?
Пред тоа тонска проба, значи големи се шансите да бидам вчерашен, ако не и завчерашен, али не, мислам дека сé ќе биде ок. Чест ми е пред сé шо го отварам годинешново издание на Здраво млади фестивалот, огромна чест поред артисти као Gonjasufi, као Prinzhorn Dance School, као Група Ти, као Sürtükler, као Metz и сите остали, нормално и Bernays Propaganda, да не ги заборавиме.
Опасна, опасна програма оваа година, по петти пат ни се случува овој фестивал и конечно можеме да кажеме дека прераснува во еден голем настан кои што сме го сонувале само до сега, конечно се изборивме, поточно момците и девојките од МКЦ се избоксуваа да добиеме ваков фестивал кој што од минатата година е под отворено небо, а од оваа година на повеќе стејџови и целодневен. Истовремено ми е и, како да ти кажам, чест е, ама немам и некој притисок, бидејќи 12 саат почеток, мислам дека ќе бидат присутни само оние луѓе што стварно се дојдени за музика и за артистите, нема да има падобранци, така да
везе немам, од една страна опуштено се осеќам, колку и да имам одговорност, го отворам фестивалот, али од друга страна, мислам, опуштено се осеќам, шо ќе настапам прв.

Го пратиш овој фестивал цело време, сите овие пет години, пред две години настапувавте со The John.
Да, само првото издание го пропуштивме, бидеќи не бев во Македонија, иначе сите други изданија бев присутен. Фестивал кој што покрај веќе докажаните музичари кани и нови, таков е и поднасловот на овој фестивал, оваа година ќе ги гледаме Rib и Sürtükler, младите кумановци, односно скопјани, ги спомнавме Bernays Propaganda, Metz, Gonjasufi и Prinzhorn Dance School, Artan Lili, Conquering Lion, Vlasta Popić, Kир, DJ Moodswinger и Orchestre Tout Puissant Marcel Duchamp, едно несекојдневно музичко искуство таа вечер на Здраво Млади.

Настапуваш како Lepi Xhoni овој пат, најавуваш и нов материјал, со оглед на тоа што ова ти е веќе старо (Песни EP, 2013-та) + една песна од тогаш, омаж на Шпато.
Девојко беше сингл од лани, а албумот, малиот албум, значи сепак тоа као албум го рачунам не као EP. Види, Lepi Xhoni е проект што не е оптеретен со ништо генерално, него е мој личен филтер од бендот и стварно не знам што правам, каде одам конкретно, едноставно оставам работите да се случуваат спонтано и да ме однесат негде. Имам некој материјал снимено, генерално со гости е овој пат, јас ја правам музиката, а некој друг пее. Имам некои три песни готови, но искрено дали ќе избрзам и ќе го издадам сега, пред фестивалот или после или ќе чекам да склопам некоја целина, стварно не знам. Битно е се дешава. Еве назад сум во студио и сам и со бендот и со другари наоколу шо сме од градов и пошироко. Битно е се работи, а кога ќе има следно издание не можам со сигурност да кажам. Можеби, ете, како некој мал тизер да пуштам една песна на интернет пред фестивалот, но ете пак не можам со сигурност да тврдам, ако може на тој став да останам, несигурен.

Ќе се разликува ли музички и текстуално тој материјал, со оглед на овој предходниов, што има една приказна, која ти не се стегаше да ја раскажеш наоколу, 5 песни за 3 дена, во студио, една емо самица, каде што со помош на две ритам машини и пар други гаџети, твојата гитара, изнесе на микофон и сними сé тоа што ти лежи на тебе, и е една така затворена приказна, емотивна, лична, твоја.
Скроз, скроз.

Се надевам ова следново ќе иде во друг правец.
Да, да, ќе се разликува секако, е сега, како и колку, тоа пак не можам јас да кажам. Многу ми е интересно, кога на крај на 2103-та бев гостин во ова радио, али прв пат како Lepi Xhoni, не као The John, кога ја слушнав музикта што сум ја правел, ми беше малтене незгодно знаеш, дека сум бил доста искрен шо ми се дешавало во песните.

Да, се приметува дека е сé на прва направено, неизбрусени се песните, еден вид на демо верзии кои што не си сакал да ги гланцаш после за да не изгубат од својата првобитна енергија, туку едноставно си сакал да го заокружиш, да го оставиш, евентуално да го заборавиш и продолжиш понатаму.
Покасно пробав и да ги гланцам, ама едноставно се губи духот, веројатно. Подраги ми се вака raw. Пред да ги издадам као целина, најискрено мислев дека на никој нема да му се свиѓаат и искрено кога „Среќа“ доби сингл на годината од ова радио ја бев скроз изненаден, ха ха, ха ха. Немав очекувања и од проектот и од траките, чак шо више можда и сакав на некои луѓе или генерално, албумот да не им се свиѓа, хе хе, дојде од таков момент. Лајв настапот е сосема другачие и се разлукува.

Што ќе изнесеш на бина од техникалиите?
Аууу, уште го градам наступот, ама сакам да направам пола саат до четриесет минути live act, што после би го фурнал и наваму-натаму, не само тука, не само на Здраво млади. Сакам да склопам еден сериозен сет, live сет, така да уште е тоа отворена работа.
Можеби ќе имам и некој од другарите како back up, знаеш, Дарко или некој, уште не сум одлучил. Сé уште сум само во студио со машините, иако пробуваме и со екипата као The John и сето тоа, но, имам јас лично уште две недели да одлучам како и колку долго ќе трае тој сет на Lepi Xhoni. Тоа значи не ми е финално решено, најискрено кажано.

Кажи ми како тераш деновиве, како тече животот, во студио, на улица, дали се затвораш во својот филм и го фураш внатре или пак имаш инспирација од ова што се случува и ќе се собере во нова песна, нов материјал на Џони или Џон.
Како не, значи цела оваа смрдена атмосфера што ни се случува, има и те какво влијание, мислам на сите нас не само на мене, не сме бесчуствителни. Иако сакам да се дистанцирам од сето тоа. Најбоље го правам тоа кога се дружам со фини луѓе и кога сум во студио, нормално. Сигурно ќе има влијание целава ситуација врз музиката и текстуално, само ќе видиме кога, Марсо.

Те прашувам, иако на прво слушање и гледање The John не важи за политички, социјално ангажиран бенд, освен пар песни како Слобода, сепак, ве гледам на некои настани кои се организирани за одбрана или за подршка на некои места и ситуации во градот и наоколу.
Тачно. Кога мислиме дека нешто вреди да се подржи, као референдумот за ГТЦ, безрезервно ја даваме нашата подршка и ќе продолжиме да ја даваме за ствари кои мислиме дека вредат.

Колку сметаш дека тоа е задача на музичарот, уметникот oвие денови?
За секого посебно, тоа си важи различито, али ја мислам дека и те како уметниците носат општествена одговорност, мислам дека они мора да бидат едно огледало на реалноста, на улицата, на општествениот живот, на социјалниот, на све што се случува во местото каде што живеат. Така да и те како мислам дека треба они да имаа некаква порука или да бидат општествено ангажирани, се согласувам.

Ајде уште малку за градот, за местата и просторите за достојно културно живеење во истиот. Изгубивме доста места за свирки, улиците веќе не ги посетуваме толку често, плоштадот скоро и да не постои.
Нема плоштад.

Од друга страна добивме некои места кои нашата генерација само ги сонуваше или можеби само наздравуваше за нив, а никогаш не ги реализира, како АКСЦ и Кула. МКЦ како никогаш до сега, барем во последниве години, кога сме сведоци, е отворено за младите, се случуваат еден куп настани таму благодарение на Грга, Русе и екипата… вие свирите таму, пробувате уште со пар бендови. Како се снаоѓаш ти денес на овие релации, улица, институција, колку си слободен на тие места и колку сметаш дека сме заслужиле за она што ни се случува во 2015 година?
Интересно прашање Марсо, значи морам најискрено да ти кажам дека моментално излагам можеби најмалку до сега во животот колку што сум искачал.

Се умори или нема градот што да понуди повеќе?
Можно е малце да сум се малце уморил, најискрено, можно е да сум станал малце помрзлив, критериумите да ми се смениле. Иако не викам дека нема. Значи Кула е еден прекрасен нов простор што функционира со три-четири иветна неделно у просек.

Таму го промовираше и спотот со свој диџеј настап.
Да, да, да, да, Слобода таму го промовиравме во октомври, тоа беше супер промоција, мислам момците, секоја чест, се гледа дека го прават тоа искрено и од љубов. Многу ми е кејф кога ќе отидам таму да се подружам и се напијам некоја пијачка. Исто како што кажа МКЦ е тука, Ла Кања, чаршијата, но генерално атмосферата во градот малце мислам дека е опадната, духот, ама тоа и не морам да го кажам, тоа сите го знаеме, нели, ете што викаш, немаме еден ебен плоштад, не се проаѓа таму, нема место, градилиште е тоа.

LX.2

Каде го гледаш излезот од таа духовна зачмаеност, кое е чарето?
Децентрализација!

Идеме на Бош, идеме на…
Идеме на Бош дефинитивно, идеме на…

Виница
…Идеме на ДРИМON.

Струга.
Можеби и Кичево нешто прави, не сум сигурен, ама како да слушнав.

Се свири во Куманово.
Да, да, да, кумановската сцена е лу-ди-ло, еве сега и The Hip ќе издаваат ново DVD.

Да, DVD како најава за филмот.
Значи сепак во ова сивило нешто се дешава, не дека е тотален мрак, али ја лично малце сум успорен, со движење у град, на улица и следење на евентите генерално во градов, нешто и пропуштам најискрено, али се надевам тоа ќе се измени, знаеш, верувам подобро утре.

Супер. Да не чепкаме други теми бидејќи си зборел тука за нив, те викнав првенствено како Lepi Xhoni, како најава за годинешниот Здраво млади, по пети пат во Младинскиот културен центар. За крај пред да ја пуштам Ми вети [Шпато ремикс]… Не се штедиш, ти сакаш отворено во песните да кажеш кој, што ти влијаел сиве овие години, познат и по пар кавери, пред сé на македонски песни, овој пат отиде уште подлабоко во историјата на македонската забавна музика и стигна до 1948 година кога Шпато ја направи Девојка на само 17 години, кога бил млад и надежен.
Лудило факти Марсо, значи ни самиот не сум бил свесен до каде сум се укопал у творештвово македонско.

Како стигна до Шпато?
Па најискрено, целиот ривајвл Канал 103 што му го имаше посветено на Шпато ме чепна да го преслушам неговото творештво, а конкретно оваа песна ја знаев од порано бидејќи ми ја пееше една девојка и ми беше многу интересна. Сосема случајно се деси да решам да направам моја верзија на истата. Имав една ритам машина од пријателот од Мугер Фугер, Сеад Хаџиќ Сецко, ми ја беше оставил и на нејзе имаше еден готов ритам со име Боса нова и кога го пуштив.

Залепи.
Залепи, да, аутоматски почнав да ја свирам таа трака и имаше некоја рана варијанта на истата песна која имаше многу фалшови и дисонатни, за после од кога ја чув неколку пати, да решам да седнам поозбилно малце да ја избрусам, да ги извадам фалшовите и на крајот излезе ремиксот каков што излезе. Ете тоа е принципот на Lepi Xhoni, идеш во студио без некоја конкретна идеја, али со инспирација и или се дешава или не се дешава, на крајот на денот оставаш некое време за да го чуеш тоа со чисто уво и да одлучиш дали ќе го споделиш со јавноста или да остане во фиока.

Ок, се надевам ќе споделиш со јавноста преку 103-ка наскоро уште песни, се гледаме на Здраво млади, се гледаме надвор, на улица, на некои места скопски.
Фала.

 

фотографии: Бојан Кртолица, KristKrst