Не продаваме невкус, тоа може насекаде да се купи

интервју со Саша Јарамаз / Leila Records

Во потрага по совршенато место за винили, Критика ја посети белградската продавницата за грамофонски плочи, книги и уметнички дела – Леила, која своето патешествие во светот на музиката го има уште од 2012 година. За продавниците за плочи некогаш и сега, бестселер изданијата, виртуелниот шопинг, клиентите и нивните желби и иднината на независните дискографски продавници, разговаравме со Саша Јарамаз, сопственикот на Леила, едно од најфрекфентните белградски собиралишта на винил зависниците.

L4фотографии: leila.rs


Кој и што е Леила и и зошто токму тоа име?

Леила е женско име кое се споменува во Стариот завет и се однесува на „Кралицата на ноќта“ и на „Жената која е забрането да ја сакаш“. Исто така, тоа е позната песна на Ерик Клептон, кој знае за што тука се работи – јасно му е сè.

Зошто се одлучи да отвориш продавница и кога и како се случи да започнеш со продажба на грамофонски плочи, книги и уметнички дела?
Леила е отворена во јули 2012 година, како природна последица на желбата да го работиме она што го сакаме. Околностите се совпаднаа.

Која е првата плоча што некогаш си ја купил и каде било тоа?
Навистина не се сеќавам, беше тоа одамна.

Кои беа твоите омилени продавници за плочи додека растеше и како истите влијаеле на твојата одлука да отвориш своја продавница за плочи?
„РК Меркатор“ на Нов Белград, „Култура“ во улицата „Краља Милана“… и многу други. Тогаш не ни сонував дека ќе имам своја продавница.

L1

Што од жанрови, стилови и музички правци се нуди во Леила и дали сте за нешто специјализирани?
Ги имаме сите видови на нештата, но рок и џез (и сродни стилови) најмногу.

Каков вид на истражување правите пред да одлучите што да ставите на полиците?
Најдоброто истражување го имаме секојденевно кај нас. Следиме што се бара, но се трудиме и да ги едуцираме посетителите.

Која е бестселер плочата на сите времиња во Леила?
Веројатно The Dark side of the moon на Pink Floyd. Од поновите изданија, да речеме, Turn blue на The Black Keys.

Кои се плочите кои би сакал да си ги имал во повеќе примероци за продажба, а кои помалку?
Без коментар!

Што клиентите во Леила најчесто побаруваат?
Она што е актуелно од некоја банална причина, за жал. На пример, кога некој музичар ќе умре, или ќе се појави некој филм и слично.

Твоите најдраги плочи во колекцијата? Која плоча е твојот личен „Свет Грал”? И, конечно, колку плочи поседуваш во својата приватна колекција?
Имам околу 3000 плочи. Но, колекцијата постојано се менува. „Светиот Грал“ би била веројатно некоја плоча од Jimi Hendrix.

Како се чувствуваш во врска со растечката окупација на интернет шопингот, дигитално симнување, MP3 плеерите, iTunes и стриминг услугите кои влијаат на сè поголем број на затворени продавници за плочи и дали и како тоа влијае на оваа гранка на локалната, па и пошироко економија?
Не се чувствувам. Не влијае.

Продавниците за плочи се простор кој луѓето го користат не само за пребарување и купување музика. Во ова време на виртуелен шопинг тие имаат и социјален момент. Дали Леила има и едукативен карактер?
Да, се разбира. Ги заморувам луѓето редовно!

Што е тоа што е забавно и возбудливо во водењето продавница за плочи?
Ауххх… многу работи… На пример, убавите жени кои сакаат плочи и познаваат музика!

Што е тоа што ве прави да се чувствувате дека сте имале успешен ден во Леила?
Кога ќе набавиме навистина добри и ретки плочи. Тогаш се фалиме и ги малтретираме нашите пријатели колекционери и диџеи.

Колку работите се променија од времето кога ја започна продавницата па до денес? Кои се главните предизвици во секојдневната борба во водењето продавница за плочи?
Популарноста на плочите е во пораст и сè потешко е да се добијат добри плочи од „втора рака“ по разумна цена. Тоа е главната разлика.

L5

Дали ги следиш музичките трендови во формирањето на колекцијата за продажба или воспоставуваш свои стандарди?
И едно и друго. Освен што не продаваме невкус. Тоа може насекаде да се купи.

Дали трендот на „зголемување на продажбата на плочи“ привремено ги оживува винилите и каде тие се наоѓаат како продажен физички формат во блиската па и далечна иднина?
Плочите се неуништливи и тоа го докажаа. Сигурен сум дека тие имаат иднина.

Дали во Леила практикуваш настапи во живо и ако е така, кои се твоите омилени настапи?
Во стариот простор – да, но во новиот немаме услови за тоа. Омилени ми се настапите на домашните и странски џез музичари, кои многупати необврзано настапувале кај нас со џем сешнови.

Да не беше во бизнисот со продавницата за грамофонски плочи што ќе работеше?
Не знам, прилично сум флексибилен. Издавачка куќа, можеби.

Каков совет би му дал некому кој би сакал да отвори продавница за плочи?
Да подготви многу пари и многу знаење!

Дали мислиш дека постои одржлива иднина за независните дискографски продавници во Србија?
Да.

Што е тоа што те одржува да продолжиш да ја водиш Леила?
Љубовта. Луѓето што доаѓаат. Успехот.

Што во моментов се врти на вашиот грамофон во продавницата?
Овие денови слушаме многу реге. Но, и тоа се менува.

L12

 

Леила препорачува:

Annette Peacock ‎– The Perfect Release
AP-TPR

Milt Jackson ‎– Sunflower
MJS

Sweet Smoke ‎– Just A Poke
SS-JAP

Miles Davis ‎– A Tribute To Jack Johnson
MD-JJ

Donald Byrd ‎– Ethiopian Knights
DB-EK

Black Disco ‎– Night Express
BD-NE

Cymande ‎– Cymande
C-C

UFO ‎– UFO II: Flying-Spacerock
UFO2-SR

R.L. Burnside ‎– Come On In
RLB-COI

EPMD ‎– Strictly Business
EPMD-SB