103-те албуми на Васко Атанасоски

[избор 75 – 51]

75. Мизар”Мизар“|1988|

Почнав да излегувам во скопските андерграунд кругови во годината кога Мизар се распаднаа. Дваесет години подоцна кога со Бернејс почнавме со турнеи немаше град во поранешна Југославија каде што не ги спомнаа Мизар. Зборувам за оваа плоча, како и сите кои прашуваа… секако, можеме да дискутираме за многу работи околу оваа група ама факт е дека кога се зборува за Македонија и нејзиното влијание на Балканот после легендите на народната песна во 60-тите и Леб и Сол во 70-тите, Мизар и Вардар се дефинитивно цареви на 80-тите.

74. D.R.I. “Dirty Rotten” |1983|

Идење едно 15 копиљаци од Ге-Ге пешки до Поп-Топ у Острово за да купиме метал и хард кор касети. Јас ја купив оваа. Едно од најголемите влијанија ден-денес.

 

73. Ember “Seven samurai” |1997|

amber

Ги видов случајно во 1997/98 во МКЦ на Тошо панк фестивалот. Овие луди Чеси ми го променија животот како и сфаќањата за музика и настап во живо. Беа волшебни. Фала.

 

72. Aus-Rotten…And Now Back To Our Programming” |1998|

a-r

 

Па стварно не знам на времето кога свиревме во This Home Is Prepared колку саати и саати, денови и денови заедно со Тина ја слушавме оваа плоча.

 

71. Jova “Jova” |1882|

j-j

Ви текнува на приказната од минатата недела? Е, покрај Никола Булатовиќ моите на мене и брат ми Влатко ни ја купија оваа плоча. Уште ја имам и слушам. Јова покрај Бранко Kоцкица ми беше омилен во раните 80-ти.

 

70. Nausea “Extinction |1990|

n-e

Тоа се тие познати анархо хипи мистици од Њу Јорк, од времето кога Lower East Side беше џаначко гнездоа а не безбедна зона за деца на богаташи кои и самите автоматски се богаташи од раѓање. Им значеа на многу сиромашни панк деца од светот, вклучувајќи ја и скопската хц/панк екипа во доцните 90-ти/ рани двеилјадити. Го сретнав бубњарот во Скопје негде околу 2004/5 и беше воодушевен и трогнат дека имам Reagan Youth прешивач и дека знам дека свирел во Nausea. Мислам дека си зема македонско знаме после концертот како сувенир за дома.

 

69. Youth of today “Break down the walls |1988|

yot

Едни од моите најголеми примери. Реј Капо ми беше имагинарен постар брат од преку барата кој ме научи дека не е се во дувањето, пиењето и уличарењето. А музикава звучи ко да се на се…ха,ха…нема појак бенд во тоа време.

 

68. Yehudi Menuhin & Ravi Shankar ‎”West Meets East” |1966|

rs-ym

 

Некои древни музики, древни пораки, прастари врски и хармонии, славни предци и рабини, индиски легенди и ГОЛЕМ-и…имаат жесток фан и ученик во западно Скопје.

>

 

67. Пеце Атанасовски „Македонски народни ора играјте со нас“ |1978|

п-а

Двајцата сме по дедо од Прилепско, исто презиме, он со мач јас со кубура а не сме роднини. Ај, сеа?:) Прилепска работа ебаго. Инаку, почесен доктор на музичка академија во Јапонија и наводно главна фаца во Танец на времето, и тоа покрај све јаки фаци наоколу. Ченто на македонската музика!!!

 

66. Arsen Dedić ‎”Čovjek kao ja“|1971|

a-d

Плоча која стварно ја сакам од автор кој стварно многу го сакам. Кога умре ми беше тешко ко да ми умрел некој близок.

 

65. Jerry’s Kids ‎”Is This My World?“|1983|

jk

 

Иако случајно се најде на 65-то дефинитивно на некоја друга моја листа може да заврши на 20-то. Дефиниција на брз хард кор од 80-тите. Бостонска школа, нема заебанција…минимум хокеар и рагбист од средношколските тимови во бендот + обавезно две бубалици. Све заедно, се тресе земја колку е добро.

 

64. KBO! “Moja sloboda“|1989|

kbo

 

Да не ти се верува дека бенд од Крагујевац беше толку популарен во Скопје. Мислам дека ретко кој бенд толку успешно го пренесе духот на времето во кое живееја. Они се како добри видео рекордер и грамофон кои не се расипале уште од кога се купени, во 89-та да речеме.

 

63. Guns N’ Roses ‎”Appetite For Destruction“|1987|

gnr

 

Дефинитивно бенд кој го одбележа почетокот на мојот пубертет и дефинитивно опасна плоча. Има све што треба и не треба ама затоа не постои никој друг како нив. Еднаш седев во бекстејџ во кој беше и Слеш. Го гледам како стои ко искочен од спот: капата негова на дивата коса, вискито и цигарата во рака, кожна панталона и каубојка, кошула заврзана околу струк, гол горе и тексас јакна преку… си викам, овој стварно изгледа таков е, кој цар.

 

62. The Pop Group ‎”Y“|1979|

tpg

 

Знае Фрешко колку се радував кога за критика.мк излезе интервјуто кое го правевме со Марк Стјуарт и тоа на денот кога The Pop Group издадоа нова плоча после 35 години. Алоооо, ние од Скопје имаме ексклузивно интервју, да ти ебам државата, министерство за култура и владата кога појма немаат дека учителот на Massive Attack, Banksy, Tricky…има нова плоча. Прости им Марк, не знаат што прават. Еве воедно и предлог до Белопета за следниот Off fest.

 

61. Marko Brecelj ‎”Cocktail“|1974|

mb

Не знам што да кажам за оваа легенда. Се надевам дека кога ќе остарам ќе бидам како него. Горд сум на нашето пријателство. На сите позерчиња им викам да идат едно 2 дена да поседат со него па да видиме дали се инди-минди.

 

60. Los Crudos “Los Primeros Gritos…“|1998|

lc

Не може без Чикаго, нема шанси без пусто Чикаго уште од прохибицијата. Кога свиреше Бони Принс Били во Фросина седам на тонска со маица Los Crudos и изненадно рипа гитаристот, иначе копиљ за мене, едно 10 години помал и ми вика: Не ми се верува дека гледам некој со таква маица на инди концерт во Скопје. Заради Крудос и Мартин свирам музика, од мое мало се-вика батево. Се поздравивме, и он си отиде да си свири со Бони Принс Били а јас си отидов у публика и гледав навистина прекрасен концерт. Убаво е Скопје, нема што… а една од причините е нашата блискост со народите од Латинска Америка.

>

 

59. Pere Ubu “The modern dance” |1978|

pu

 

Звук кој го слушаш на оваа плоча и никогаш повеќе никаде во светот и низ времето и просторот. До толку е посебен овој модерен танц на кралот иби чиј пад е делумно поради неговата изложеност на идустриски чад, апчиња, алкохол и ладни полупразните клубови(дупки) ширум светот што после оваа плоча ќе ви биде страв да се сретнете повторно со овој бенд и со овие идеи. Немаат гајле дечкиве, од Кливленд се. Кралот кој го ебе!!!

>

 

58. Riblja Čorba ‎”Buvlja pijaca“|1978|

rc

Прв албум во животов кој научив да го пејам на памет. Татко ми го рокаше во кола секогаш кога одевме на гости. Јас и брат ми здивувавме кога ќе го чуевме и веднаш почнувавме да пееме на цел глас без да знаеме што значат текстовите, а мајка ми на почеток ни викаше да бидеме потивки за на крајот и таа да попушти кога ќе видеше колку уживаме. Добрата атмосфера во семејството беше се што ти требаше тогаш а ние сето тоа го имавме. Убаво се живееше во Влае и во цела СРМ и СФРЈ тоа лето, навистина убаво.

 

57. Iggy Pop ‎”American Caesar“|1993|

ip

Е, Иги, Иги. Да имаше памет да се преселеше во Југославија после распадот на Стјуџис ќе соработуваше со Брега едно дваесет години порано. Дефинитивно негова најдобра плоча, спремен сум да го бранам ова тврдење.

 

56. Curtis Mayfield “Curtis“|1970|

cm

Да фатам златна рипка ќе посакам бендот вака да ми звучи.

 

55. Јонче Христовски „Сватот посака да се напие“ |1977|

jh

Мојата прва фасцинација откако случајно го видов фамозното мафтање со палто во средината на 80-тите на градски и на свети Пантелејмон во долно Нерези. Секогаш ја дигаше атмосферата и правеше чувство дека се е во ред, дека сега е време да се дружиме со најблиските и да се заебаваме меѓу себе, да пивнеме малку, па и да се потскараме малку ако треба за пак да се смириме на крај. И така секој ден знаејќи дека само првите 100 години се тешки.

 

54. UB40 ‎”Signing Off” |1980|

ub40

Љубов од прво слушање. Не ме прашувајте како, кога, зошто. Едноставно албум кој можам да го слушам секој ден.

 

53. Neil Young ‎”Trans” |1982|

ny-t

Ми вика Хинки пред едно 20+ години: Добар си ти мали, ќе те биде…ти се свиѓа Trans од Нил Јанг.

 

52. Alloy “Eliminate” |1992|

a

Мојот омилен американски пејач Вик Бонди и неговиот бенд од средината од 90-тите. Најверојатно не постои човек на планетава кој има свирено (читај: НАПРАВЕНО!!!) толку добри бендови а покрај (да речеме) 10.000 верни фанови никој друг на светот не знае за него.

 

51. Peter Tosh “Equal rights” |1977|

pt

Мојот омилен реге автор, лик и поет. Ме купи со својата чистина и јасност. Наш човек 100%… I don’t want no peace, I man need equal rights and justice. I got to get it, equal rights and justice. I really need it, equal rights and justice. Just give me my share, equal rights and justice. Down in Angola, down in Zimbabwe, down in Botswana…

 

[ п р о д о л ж у в а ]