Новиот Почеток

Јади од лешот свој

NP_JSZ

“Јади од лешот свој” е првиот сингл од новиот албум на Новиот Почеток – “Јас сум земја”, снимен и продуциран од страна на Ивица Јанкуловски – Штраф во MarryPhat студио, во периодот од октомври, 2014 до февруари, 2015 година.

Ова е четврто издание на бендот кој започна во далечната 2002 година, а во ова издание Новиот Почеток се: Филип Тасевски – Fitz aka Feetz (вокал и гитара), Никола Исаиловски – Fat Cacko (гитара и вокал), Борјан Сандревски (бас) и Стефан Сајковски (тапани).

Албумот ќе биде достапен во дигитален, винил и цд формат:
– Дигитално издание: 16ти април, 2015 (@ www.noviotpochetok.com)
– Физичко издание (винил + цд): 16ти мај, 2015 (концертна промоција во Скопје)

По концертната промоција во Скопје, бендот заминува на нова едномесечна европска турнеја во јуни (04.06 – 28.06). Точните локации ќе бидат дополнително соопштени на www.noviotpochetok.com и www.sixtyninerecords.org.