Концертниот хепенинг „Скопје тест“ премиерно на скопскиот Кеј

Кеј 13-ти ноември Скопје 15:00

Скопје тест“ е еднодневен музички настан во организација на Задруга 5060 од Скопје, кој ќе се одржи денес на јавниот простор на скопскиот Кеј 13-ти ноември, наспроти Дрво декор, на еден малкуте преостанати негови слободни делови.

st
Во разновидната музичка програма со различни генерации музичари и музичарки од независната и експериментална сцена учествуваат: Електро Култура, Нора, Александар Ордев и Александар Ников, КННТ, Тодор Караколев, Светлост, Јоана, Mnemonic45, Ивана Харикли и Flora Pitrolo (A Colder Consciousness DJ сет).  Настанот започнува на скопскиот Кеј во 15 часот.

Наскоро 5060 започнува и музичко издаваштво, а добар дел од артистите во лајнапот се дел од прикаската. Задруга 5060 е замислена како платформа за независна културна продукција. Претходни позначајни настани на Задруга 5060 се мултимедијалниот настан “Костурница Велес“, “Споменици на револуцијата“ – патувачка изложба на Марко Кројач и Уметничка резиденција Папрадиште.

„Скопје тест“ се одржува во соработка со КУЛА колективот, медиумски поддржан од музичкото радио Канал 103.