Кога ќе здогледате рид во полската* Полска, отворете четири очи

K3

По одржувањето на Off Фестивалот почетокот на Август, во Катовице не престануваат да се очекуваат музичките очекувања и да се случуваат летните случувања.

Tauron Nowa Muzyka (21-24 Август) е помал во обем и стилски посимпатичен фестивал ако се зема во предвид програмата и самата локација. Веќе 25 години овој напуштен рудник на јаглен, ситуиран на мал рид во близина на центарот на градот, носи долгорочно спокојство дека наместо изградба на нов шопинг мол, градот може да понуди индустриски споменик (денес преобличен во поголем комплекс наречен Музеј Шлаские) врз кој адекватно ќе се консумира културата. Пред да се посети Катовице, во воздух демнееше мала иронија. Многу од артистите кои ја носат програмата на фестивалот од креативен аспект (Clark, Jaga Jazzist, The Field, Skalpel, веќе подолго време Mouse on Mars и до некоја мера претходно планираните Jackson and his Computer band и Gonjasufi кој го откажаа настапот) со последните изданија малце или повеќе попуштија, со што ги фаворизираа нивните претходни поасални изданија во создавањето промо микс траката за фестивалот. Некако несакајќи му свртеа грб на името и визијата на фестивалот. Сепак, во никој случај немаше потреба да се дува балонот на сомнежот или пак да се преудуцира било што пред сите тие и останатите да се качат на 4-те/5-те сцени во Катовице. За почеток вреди да се потенцира стимулативниот ентузијазм кој ја нуди програмата. Од посебен агол треба да се перцепира дел од ростерот кои и намигнуваат на поп музиката, без разлика колку таа каректеристика може блесаво да звучи на вакви фестивали. Откако Chat Faker го откажа својот концерт, SOHN го замени во програмата. Од мрзеливи причини му го лепат ефтиниот слоган “новиот Џејмс Блејк”. За тоа си е најверојатно самиот крив. Сигурно го има крстено Џејмс Блејк мечето со кое заспива. На првиот ден на фестивалот SOHN ја доловил поп димензијата на мелодраматиката во електронската музика. Додека на последниот ден, другата страна на мелодраматиката, Nils Frahm на достоен амбиентален начин ја однел целата фестивалска музика во бескраен сочен fade out.

Nowascape

Помеѓу почетокот и крајот, на 22 и 23ти Август, се сведочеше за сé останато. Покрај SOHN, во овој поп домен (далеку од мејнстримот) може да се сместат и Kelis која има изградено продуктивен однос “на ти” со R&B-то и добро се носи со големата сцена. Neneh Cherry (со RocketNumberNine) има повеќе искуство на тој план и во исто време мулти-музички бекграунд. Нејзиниот последен албум, повторно необично структуиран за мејнстрим вкусови, е продуциран од Four Tet. Тука некаде на фестивалот варираа и Kelela, Elliphent, Nozinja (Shanraan Electro и Who Made Who. The Field (Alex Willner), најдирекно ја има анализирано својата музика со насловот на претходниот албум Looping State of Mind. Со последниот Cupid’s Head, работите игледаат повеќе рутински обработени. Во живо, тој знае како да ја контролира динамиката на техното кое носи плодови. Во некоја рака му фали другар до него кој ќе придонесе нештата да звучат разнолико во споредба со еднонасочното билдање на сите тие надежни лупови. Фестивалски гледано, малкумина ќе се согласат со таа забелешка. Во Катовице, неговото саат време отчука успешно. Најчесто кога има технички проблеми на стартот на некој настап, следствено самиот dj микс (во овој случај) добива слатко продолжение. Секако треба да се потенцира и кој е тој што ги менуваше плочите на сцената. Theo Parrish еднакво уживаше исто како и сите други пред него во својот про-фанк микс потенцирајќи го безвремениот шејкирачки fank&soul моод во склоп на сите трикови кои денешната клубска (house) музика може да ги прифати. Theo ширеше позитивизам кој може да се доживее на некоја весела роденденска журка. Веќе подолго време нешто е гнило во музиката на Mouse on Mars. Поранешните иноватори и аниматори на електронската музика, која стенкаше да го опише нивниот разигран стил со разновидни колоритни доживувања, ја имаат променето стратегијата. Во последно време, тие двајцата се однесуваат како дилери на сите оние кои кризираат по луди битови, нешто блиску до оние кои патаат од gabba дијагноза. Секако тоа го прават на тврд начин, со злобни басови, дабови и мутирачка ска инвазија која ги шамара сите во кратка постапка. Сеуште не доаѓа во прашање нивното занаетчиско мајсторство на звукот, но сега тоа паѓа во втор план. Напред, сето тоа изгледа на “сé или ништо”. Ништо? По издавањето на минатогодишниот албум Live with Britten Sinfonia, Jaga Jazzist гази по турнеи засилени со симфониски оркестри, а во Катовице презентирани со помош на AUKSO Chamber Orchestra. Нивната пост-рокерска музика има капацитет за таква возвишена поддршка која изгледа раскошно и дава синематичен призрак на веќе заокружениот круг на идеи кои го има овој симпатичен голем бенд. Она што ја чеша брадата е дека… Martin Horntveth (еден од водачите на групата) доста очигледно и јавно се нудеше повторно да дојдат и свират следната година овде. Судејќи според концептот и името на фестивалот добро прашање е дали ќе му овозможат пак да се втурнат во концептот на Новата Музика 2015. Следната вечер на големата сцена, рефлексија на своевидното биг бенд концертирање му даде варшавскиот feelgood-jazz-combo состав Mitch & Mitch заедно со незапирливиот електронаут пионир Felix Cubin. Заводлива комбинација на стереофоничен соундтрек свинг со космишен дилајт (кој нормално го додава Kubin) реализиран исто така и на нивниот албум Bakterien & Batterien.

Nowaeneter

Wroclaw-ското дуо Skalpel, се враќа да ги прераскаже сите недораскажани џез влијанија во нов трип-хоп фазон. Во живо, со помош на тројца други музичари, во повеќе наврати креираа енергичен nu-jazz пристап, но во суштина не оддалечувајќи се од нивната основа која на елегантен начин ја рециклира старата полска џез музика од 50/60тите (Krzysztof Komeda, Zbigniew Namysłowski). Звучи доволно симпатично да се потсетиме што Skalpel успешно правеше пред 10-ина години. Ништо чудно да музиката на Autechre инспирира џез музичари заради импровизираното чувство содржано во многу од нивните долги траки. Уште повеќе, мајсторите на slice & dice техниката веќе 20 години имаат специфичен jam session имиџ во електронската музика. Pink Freud plays Autechre во умерена џез изведба без солажи и со балансиран емотивен влог рамномерно ја потенцираа ритмиката и мелодиите претежно од раната фаза на Autechre. Свиреа од Amber: Montreal; од Envane: Laughing Quarter, Goz Quarter; see on see од Oversteps: P.:ENTIL, од Draft 7:30; Pule од Chiastic Slide, од Incunabula: Bike, Eggshell, Basscadet… Треба да се потенцира дека рилејтед артист на Pink Freus се Sethstat.  Никогаш доста од џез во Полска! Како мина експлодира неочекуваниот концерт на Polonezy предводени од Marcin Masecki о затворениот простор на музејот на Современа уметност, како дел од пропратните активности на фестивалот. Ве фаќаат тотално неподготвени на понудениот модернизам кој звучи смешно примамливо но во исто време дисциплинирано изведено. Делуваат надреално, лоцирани некаде во посебен сонлив Фелини филмски исечок, униформирани во став на градски блех оркестар. Она најинтересното, аранжманот на сите композиции им изгледа супер комплициран а толку (авант-џез) привлечен што на секоја следна минута се крева насоченото внимание. Сигурно дека има уште имиња од програмата врз кој може да се впери рефлекторот, посебно оние кои електронската (клабинг) сцена се радува на нивното присуство. Clark, секако Actress (има посебна албумска рецензија), Kode9, Dixon, Ben Ufo, Patten и заради дождот првата вечер и Pariah до утро.

* Во насловот на текстот не се алудира на непотребни национални обележја туку само на географска каректеристика. Како референца може да послужи полското ве-це.