Музиката и медиумите

Македонската музика во домашните и регионалните медиуми

DP

Во рамките на годинешното издание на фестивалот на нова музика Здраво Млади ќе се одржи дебата на тема „Музиката и медиумите“ со поднаслов „Македонската музика во домашните и регионалните медиуми” на која учество ќе земат:

Љупчо Јолевски (Радио Cлободна Eвропа)
Саша Павловиќ (kritika.mk)
Иван Бечковиќ (Радио Слободна Македонија)
Дарко Кујунџиќ (музичар од Хрватска)
Ивајло Александров (концертна организација Rawk ‘n’ Roll – Бугарија)
Милан Радосављевиќ (Музички соработник на РТВ Србја и сопственик на Miner Recordings – Србија)

модератор на дебатата – Тошо Филиповски (Максимум рокенрол).

На дебатата ќе се отворат различни теми а фокусот ќе биде на македонската музика и нејзиниот третман во медиумите.

Ќе бидат отворени прашања како, дали македонските медиуми отстапуваат соодветен простор и дали воопшто ја третираат македонската музика во своите медиуми и зошто медиумите од регионот воопшто не ги застапуваат музичките настани во Македонија. Исто така, ќе се споредат и искуствата со гостите од регионот, а ќе се разговара и на тема застапеноста на македонската музика во регионалните медиуми.

Дебатата ќе се оддржи на 6 јуни (сабота) во Џебно Кино МКЦ со почеток од 18 часот, влезот е слободен, добредојдени се сите изведувачи, музички промотери, блогери, вљубеници во музиката.

Настанот е под покровителство на Канцеларијата на Европска Унија во Скопје.