The Cyclist Conspiracy

Mashallah Plan: VIRILITY EP

Извинете на германскиот, ама zwischenzweit. Во оваа есхатолошка ера, каде што ЦИА, во соработка со хорот Beelzebub’s Crematory, добија пристап до сите наши медицински досиеја, пожолтени љубовни писма и искористена тоалетна хартија, нашето месо и коски станаа потранспарентни од тропски туристички аквариум кој служи како замка, дозволувајќи ни нам – затворениците на лажните пророци на културната хегемонија, да ја водиме вечната потрага по поединечното, плодно меѓувреме, каде што самата тежина на универзумот се руши распаѓајќи се во мали честички непродорен чад од хашиш.

TCC

Бидејќи позлатеното столче на преплатените курсеви за обѕирност нема да ви годи на задникот, можеби подобриот избор за вас е високо-подигнатото седиште на точакот-тотем. Впрочем, колку посјајен престол му треба на некој за да почне да ја зачистува и деминира мозочната бомба отколку тој каде што мантрата на ветровитата тишина завива пред неговите нозе да почнат да испумпуваат бројни различни музички педалски ритми?

Белградскиот самопрогласен (Anti) World Orchestra The Cyclist Conspiracy – некогаш бледа алхемиска сенка на умот на Никола Урошевиќ, а сега дузина машки и женски врколаци-на-тркала, се многу свесни за фактот дека политеизмот на точакот им овозможува глатко лизгање по прашливиот пат на непредвидливите процеси и излезни патишта за вонредни состојби кои водат подалеку од водите каде пливаат ајкулите на комодитети, пари и капитал. Да се биде слободен како птица може да е еден утописки мост предалеку, но кога овие српски дивјаци-на-тркала го објавија нивното EP на Trashmouth Records (Обединето Кралство) минатиот декември, тие го напуштија од урбаниот шкаф зашеметувачкиот и оплодувачки Rebetiko кој доминираше на нивните претходни снимки. Наместо тоа, добивме растопен освежувач од луцидно оркестрирана психа, краут и експериментално етно, чорба која е доволно зачинета за аудиофил кој е еквивалент на препотен велосипедист – лик од некој роман. Херои и злочинци, секој за еден рај или пекол погоре, како и нова downhill фаза исполнета со странични ликови обоени како бонбони.

Без страв од Хомеровата географија, песни како The Great Staurocycle, Virility и Blood of the lamb често стигаат до ивиците на планетата Земја исто како што стигна и Одисеј, со гитарски чад со источно влијание и фениксоидна ритам секција која го потпалува замислениот ауспух, подготвена да премине преку портали во неоткриените вселенски пустини. Овие месни мамутни рифови стигнуваат повисоко од кмерско летало благодарение на вокалните убоди, со доза на хелиум или можеби не, кои го изнесуваат од собата слонот на Мориконе, преплетувајќи низ песните храна за постојано движење, но и евоцирање на пештерско ехо кое повикува на молитва и необјасниви ѕвона кои ѕвонат после полноќ. Интерлудиумот Theology and Bicyclism Excerpt 1 ќе ви го ремоделира точакот во метафизички очила кои лечат духовна миопија додека ви пука кожата на рацете, ви избива оган од очите и ви се пресекуваат како салама стопалата за да се трансформираат во черепи кои предизвикуваат соларни еклипси кога се фрлени во како крв црвеното небо. А не ви ни требаа 25 микрограми лсд за Hoffman. Ниту балканска референца излезена од ропската работилница на Кустурица. Само издишувајте за време на The Search (Time Enough For The Earth In The Grave), гледајќи наназад кон соничната дивина која само што сте ја освоиле, крипто-носталгична како природата на самиот точак.

Немилосрден претприемач кој работи во пограничната провинција на велосипедскиот ум дефинитивно ќе се сопне на зарѓаните клучеви во ќошот на минатото и иднината, отворен и дење и ноќе, наречен Zwischenzweit. Но во оваа точка на хоризонтот тој само ја извикува вистинската бајкерска философија за патот кој сè уште не е освоен. Само оставете ги смешните кациги дома наредниот пат кога ќе летаме на забите на ветрот на пар споделени крилја.