De:sonanz Festival е водечки настан во земјата и регионот во промоцијата на модерната музика и мултимедијалната уметност – репутација која фестивалот внимателно ја негува и ова седмо по ред издание со внимателно и перфекционистички одбрана програма од над 40 музички настапи, изложби и мултимедијални перформанси предводена од:
Монолејк (Monolake) / Берлин, Германија
Објект (Objekt) / Берлин, Германија
Електрик Индиго (Electric Indigo) / Виена, Австрија
Дисфонија (Disphonia) / В. Британија и Грција
Атом/Аутпут (Atom/Output) / Белград, Србија / Белград, Србија
Абдукт (Abduct) / Мексико
Марија Б. Џоунс (Marija B. Jones) / Лондон, В. Британија
+ тимови од екипите на домашната сцена: BTKRSH, D2, PMG Recordings, Drop Series, DSPH, Ако Никој Не Свири
++ работилници, изложби, филмска програма, афтерпарти и денска програма итн….
Фестивалот негува и програма на мултимедијални уметнички настапи, меѓу кои неколку светски премиери и концертни промоции на нови дела од македонската сцена:
Александра Петрушевска и Александар Гроздановски (Херцел) – ДВА (аудио – визуелен танц перформанс)
Димитар Додовски и Јујо – “Potential Worlds” (поезија / аудио / видео настап)
Телемама – концертна промоција на албумот “Мис Слобода”
Демек – концертна промоција на новиот албум
Карти за фестивалот се достапни на билетарата во МКЦ и преку продажната мрежа на КупиКартиЗаСе.
Во моментов на фејсбук страницата на De:sonanz фестивалот можете да учествувате во наградната игра.
Фестивалот е поддржан од Гете-институт Скопје.