[видео] Bernays Propaganda

Мојата Марија

Режија: Милан Блажевски. Камера: Борис Таковски, Јосип Здравковски и Милан Блажевски. Колор градација: Борис Таковски. Монтажа: Милан Блажевски. Детски тренер: Ана Здравковска. Во ролјите: Деница Атанасоска, Магдалена Атанасоска, Вања Гичев, Неда Здравковска, Леонид Георгиевски, Дарија Бартлинг, Кика Савевка и Каја Трајчевска.

Кристина Горовска – вокали, стихови, вокални хармонии, уметничка насока и дизајн. Васко Атанасоски – музика, стихови, бас, гитари, перкусии, аранжмани, продукција, вокал и менаџмент. Дени Крстев – синтисајзер, ритам-програмирање, снимање, мастеринг. Раде Јордановски – бас и менаџмент продукција. Кристијан Лафазановски – тапани и перкусии.

Снимено од 29 јуни до 7 декември 2018 во Студио 1060 во Скопје. Извршен продуцент – Васко Атанасоски.

 

 

Ти пишувам како да ми е првпат,
Песна последна.
Сè би дала јас пак да сум наивна
Сè би дала во некој да верувам.
Јас не знам овде КОЈ КОГО ПЛАЌА?!

Вратете ја мојата Марија,
И секој што немал да се лекува.
…и тој во кој што се заљубив тогаш!

Вратете ми нежност и радост!
И 27 полесни денови…
Живеам само 3 дена месечно.

Не ми требаат болни амбиции,
Кариера, ни броење лајкови,
Вратете ми го воздухот бистар!
5 минути моќ …
убија другар, убија човек.

Пуштете ја планината…
чувар е!
Искрени деца… овде дојдете!
Ова е ваше, не го продавајте.
Пуштете ја планината… чувар е!
Искрени деца… овде дојдете!