Мухамед Ибрахими концертно со новиот албум Devotion

17 мај 2019 Кино Фросина 21:00

Акустичниот мултиинструменталист Мухамед Ибрахими на 17 мај ќе одржи концерт во кино Фросина промовирајќи го неговиот последен албум Devotion.

Скопскиот виртуозот Мухамед Ибрахими ги третира своите акустични иструменти – гитара, мандолина, шаркија и саз на неконвенционален начин, сосема интуитивен и инспиративен. Неговите композиции се автентична мешавина од неколку музички стилови, како блуз, рок и амбиент, но длабоко вкоренети во ориентална (суфи) традиција и албански (балкански) фолклор. По извонредно успешниот прв албум Fly, издаден за PMG Recordings во 2014 чиј два пати печатен тираж е одамна распродаден, кон крајот на минатата, 2018 година, тој го издаде вториот албум Devotion, кој концертно ќе биде претставен на концертот во кино Фросина.

Билетите во претпродажба по цена од 250 денари можете да ги набавите на билетарница на МКЦ или онлајн преку bileti.mkc.mk. На денот на концертот билетот ќе чини 300 денари.