[видео] My Tear

Лаги шарени

Режија и монтажа: Милан Блажевски. Камера: Милан Блажевски, Јосип Здравковски и Борис Таковски.
Снимено во Канал 103 во „Ако никој не свири“.

My Tear се Дени Крстев, Васко Атанасоски, Кристијан Лафазановски и Мартин Митевски.

Продуцирано од Васко Атанасоски. Снимено, миксано и мастерирано во Студио 1060 во Скопје, од јануари 2018 до февруари 2019 од Дени Крстев.
Текст на „Лаги шарени“: Васко Атанасоски. Музика и аранжман: Дени Крстев и Васко Атанасоски. Извршен продуцент: Васко Атанасоски.

2019 Балкан Велики

Матни, матни фотографии
Бледи, бледи спомени
Вештачки, вештачки насмевки
Студени, студени прегратки

Тажни, тажни, тажни приказни
Тешки, тешки, тешки зборови
Злобни, злобни, злобни погледи
Лаги, лаги, лаги шарени

Би сакал да ти кажам дека сè е во ред
Дека платив парно, струја, сменив сијалиците
Би сакал да ти поклонам цвеќе на плоштад
Би сакал нешто убаво да ти запеам