Врева како простор на срцето

На проаѓање… со Иван Шчапец од Vlasta Popić

Бевте тинејџери кога го формиравте бендот. Што ве натера да го направите тоа во еден мал град?
Сé беше сосема интуитивно. Ја сакавме музиката, сакавме да свириме, одевме многу на концерти и тоа некако беше логичен чекор – да свириме заедно. Сега во ретроспектива изгледа како никако поинаку да не можело ни да биде. Интересно е тоа што Вараждин воопшто не ја познава историјата на музиката која ние ја свириме. Вараждин живее во балонот 70-тите години и класичниот рок. Во таква средина, да формираш бенд кој свири различно, секако беше чин на бунт. Првите неколку настапи беа на работ на скандал.

Како би ја објасниле вашата музика на некој што слуша класична музика?
Ова е сосема поинаков механизам, тука постојат зборови, тие ја опишуваат музиката како што таа нив ги опишува и заедно формираат една метафизика. Класичната музика е „само музика“. Би ја објаснил како себеобјаснување, но и светот кој не се ограничува со идејата за теоретска поткованост и вештина, туку дека ја покренува сирова волја – „Јас го чувствувам тоа и никој не може да го каже или направи подобро од мене“. Тоа би било долго објаснување. Но, кратко и јасно – врева како простор на срцето.

V_P

Вашиот текстови се минималистички, експресивни и сведени на суштина. Која порака испраќате на публиката?
Па, не знам колку се веќе тие минималистички, но експресивни се и во голема мерка голи. Ти благодарам што не ги спомна паролите – Дисциплина Кичме, Boye и Шарло, бидејќи немаше да се напијам пиво со тебе 🙂 Нашите текстови како почетна точка немаат рокенрол лирика, туку поезија како посебна уметничка сфера. Многу од текстовите на овој албум и беа напишани првично како поезија, но подоцна беа направени и со музика, навистина е знам која е пораката. Нашите текстови се естетски кодирани информации, сакаме да се изразиме, а не некого да придвижиме на бунт. Не можеш да ги раздвижиш луѓето, тие се свои сопствени машини.

Отсвиревте стотина концерти помеѓу двата албуми. Процесот на снимањето на албумот Квадрат траеше многу долго…
…Не. Беше снимен во 3-4 дена во студиото Крамасоник во Загреб. После тоа, уште месец-два се миксаше во Загреб и Београд и тоа беше тоа. Но да, помина доста време помеѓу двата албуми, тоа секако. Песните беа направени година дена пред излегувањето, но беше неопходно да собереме пари за да го снимиме, малку да го затегнеме и ете.

Вашите два албуми се разликуваат по сензибилитет. „Квадрат“ е сиров, поконкретен, но помалку мелодичен од првиот албум. Зошто е тоа така?
Не знам. Ние сме позрели, повозрасни, можеби помрачни, но секако, повеќе свесни за окуружувањето. А тоа се самите квадрати и насилството.

Идеално место за вашите настапи – сквот, клуб или фестивалска бина?
Сакаме клубови, сакаме сквотови, фестивалски бини не баш толку. Малите преполни клубови, тоа е нашиот простор, она кога маицата ти е испотена веќе по втората песна. Но, свириме навистина секаде, од кафичи, сквотови, клубови, понекогаш и гаражи, зависи од турнеата.

Ја започнавте промоција на албумот „Квадрат“. Дали ќе го промовирате и надвор од Европа и дали сé уште правите DIY турнеи или е сега во приказната и Moonlee Records?
Си помагаме едни на други. Секако дека сакаме и надвор од Европа, планот е најмалку Америка. Инаку, отсвиревме и пар концерти на друг континент, на азиската страна на Истанбул. Турнеите во голема мерка сé уште ги букираме ние, а помага и Moonlee, што во моите очи не го менува тој DIY, бидејќи и самите се во истата приказна, така што, ако работиме заедно, тогаш тоа е DIT – направи заедно.

Вашето лично чувство на денешната светска музичка сцена.
Искено, не ја следиме многу. Открив неколку бендови кои се одлични за мене, но и не толку популарни – Coathangers и Lovers. Има толку многу убава музика на нашите простори така да странската музика и не ми треба. Каква сцена имаме, мислам дека станавме самоодржливи.

Во Скопје настапувавте двапати. Се разликува ли скопската публика од европската, што да очекуваме од вас на Здраво Млади?
Во Македонија ни е секогаш преубаво, имаме многу добри пријатели долу. Што се однесува до публиката, на нашиот прв концерт во Скопје имаше 200 луѓе, додека во Загреб ни беа потребни пет години за да дојдеме до толку луѓе. Публиката нé прати од самиот почеток. На Здраво Млади очекуваме врвна журка. Line-up-от е брутален, многу убави луѓе, одлична музика, едвај чекаме.