Не е важно колку ти е добра опремата доколку немаш оригинални идеи | Интервју со Rich Thair од Red Snapper

Кога првпат ја слушнав вашата музика имав 15 години и бев под силно влијание на она што доаѓаше од издавачката куќа Warp Records. Веднаш беше јасно дека музиката на Red Snapper драматично отскокнува од оној сензибилитет кој што дотогаш го негуваше Warp Records. Вие на голема врата ги внесовте живите инструменти и перфектно ги вклопивте со електронските помагала.
Бевме навистина изненадени кога Warp покажа интерес за нас, тие секогаш барале нова музика која е надоаѓачка и која веќе била тестирана од помала издавачка куќа. Со нивното големо име во можност се да му помогнат на бендот да се развие преку поголема финансиска поддршка. Отсекогаш сме користеле органиски/акустични инструменти за да го реплицираме звукот на електронските инструменти, екпериментираме со многу електронски инструменти и ги внесуваме во нашиот звук. Нашиот пристап кон продукцијата отсекогаш бил необичен и експериментален, создаваме звучна слика со помош на грешките и чудните звуци за време на снимањето, а често овие звуци откако ќе се истретираат со ефекти го даваат електронскиот звук на нашата музика. Мислам дека во тоа време тие бараа возбудлив бенд кој свири во живо, а тоа секогаш беше една од нашите најсилни страни.

Вашиот последен, седми албум Hyena е оригинална музика за филм. Кога се слуша вашата музика, неизбежен е впечатокот дека таа може да биде одлична подлога за филмски или театарски атмосфери. Ви претставува ли предизвик создавањето музика која што треба да биде подлога за некое однапред утврдено дејствие, како филм, или повеќе уживате во креирањето музика која што го отсликува вашиот личен, моментален soundtrack?
Создавањето на саундтракот за Touki Bouki беше забавно, отворено платно на кое можевме да се изразиме. Беше возбудливо бидејќи музиката требаше да сочувствува со филмот, беше добро за промена да направиме повеќе атмосферска музика и да се фокусираме на реалните детали на секоја сцена. Тоа беше во време кога сакавме да создаваме музика која беше под влијание на Африка и ова ни даде шанска навистина да експериментираме.
Изведувањето на оваа музика во живо беше исцрпувачка бидејќи моравме да ги сообразиме сите знаци/сцени, немаше простор за грешки, филмот постојано оди напред.
Подеднакво уживавме на начин како да пишуваме нов албум меѓутоа на многу различен. Бевме задоволни кога ги претворивме сите тие парчиња во Hyena, а добивме и бонус, бескрајно вежбање изведувајќи го саундтракот во живо цела година. Hyena воглавно го снимавме во живо во студио.

Layout 1

Колку се промени музиката од 90-ти па наваму? Има ли нешто во новата музика што ви се допаѓа и ве инспирира
Она што најмногу ја промени музиката е интернетот. Многу потешко е да ги натераш луѓето да поминат време слушајќи ја твојата музика, бидејќи имаат многу избор. Предноста е тоа што процесот може да биде многу побрз, луѓето можат да ти ја слушнат музиката многу побрзо. Мислам дека музиката денес е многу повеќе достапна.
Другата голема промена е фактот што многу повеќе луѓе можат да прават музика дома, компјутерите можат да завршат голем дел од рабоатат за тебе, но не е важно колку ти е добра опремата доколку немаш оригинални идеи!
Постојано бараме и слушаме нова музика, а со интернетот е исто така полесно да се најде испиративна, винтиџ музика, која во 90-тите би чинела многу пари и време за пребарување во продавница за плочи. Во моментов постои одлична музика со африкански влијанија… издавачки куќи како Black Acre и Huntleys & Palmers, бендови како Clap!Clap! и Fofoulah. Ни се допаѓа и албумот на Astronauts, издаваат за истата дискографска куќа како и ние, Lo Recordings.

Која е музиката која што ве обликуваше како музичари и која остави најсилна трага на вашето творештво?
Miles Davis, 70’s Jamaican Dub, 80’s and 90’s American HipHop, 70’s film soundtracks, бендови како Mogwai, Dirty 3, Can, A Certain Ratio.

И покрај долгите години присуство, чинам дека за Red Snapper не може да се каже дека припаѓаат на одредена сцена или жанр. Некако суптилно успеавте да се измолкнете на сите етикетирања и ставања во одреден кош и да ја сочувате вашата креативност слободна, далеку од прангите на музичкиот шоу-бизнис.
Новинарите секогаш нé етикетирале како есид џез, трип хоп итн. итн… често ова е резултат на нивната мрзеливост, како и на фактот дека тие невистина не ја слушнале добро нашата музика. Никогаш не сме се труделе да создаваме музика за радио или топ листи, отсекогаш сме свиреле музика од срце. Потсвесно, нашето музичко наследство влијае врз нас, постојано се преиспитуваме за тоа што го правиме и како го свириме. Не сме секогаш во право, но веруваме во тоа што го работиме. Изведувањето во живо ни е многу важно и често новите песни излегуваат коа свириме заедно како тим, меѓусебно разменувајќи идеи.

redsnapper_2014photoby_karolina_tsirogianni

Кој е најголемиот предизвик за еден колектив да истрае и да остане доследен на себе цели две децении?
Иако многу досадно и го одразува животот воопшто, но би рекол: финансиската самодоволност и предизвикот како да се преживее денес како музичар.

Дали паузата што ја направивте со бендот во 2002 година беше добар потег?
Ни помогна да се фокусираме на нашите проекти и да разбереме дека имаме нешто уникатно. Мислам дека денес ќе имавме многу посилна позиција доколку продолжевме да работиме и да објавуваме музика како Red Snapper за време на тој период. Понекогаш музичката индустрија го зема данокот и мораш да се тргнеш малку настрана.

Првпат доаѓате во Македонија. Знаете ли нешто за ова парче земја?
Отсекогаш ме интересирала европската историја, античкака и современата, а ме фасцинираат и културните, религиските и географските промени кои се случиле во Македонија од грчко време. Вчудоневидувачи е тоа дека ова е земја низ вековите претпела големи промени и влијанија, некои добри, некои лоши, но најважно е дека луѓето ја задржале својата жестока независнот. Како некој кој сега живее во Велс, го почитувам тоа.
Сакам да планинарам, да гледам птици, па националните паркови Пелистер и Галичица ми изгледаат зачудувачки.
Имаме многу среќа што со нашата работа патуваме во многу фасцинантни и убави места, за првпат сме во Македонија и навистина сме возбудени. Се разбира, најверојатно ќе го видиме само аеродромот, хотелот и концертна сала, но за нас е подеднакво важно да ги запознаеме и луѓето… Едвај чекаме да дојдеме и се надеваме дека по оваа кратка посета ќе бидеме во можност да се вратиме и да поминеме малку подолго време во земјата.