Не ја следиме меинстрим продукцијата, го прикажуваме она најдоброто што се случува на маргините | Интервју со Тони Шариќ, DORF фестивал

Голем број фестивали во Хрватска изградија реноме во земјата и надвор, почнувајќи од Мотовун, Табор и DORF, па до Zagrebdox и SPFF. Какво е влијанието на овие фестивали на промоцијата и развојот на филмската уметност во Хрватска?

Хм, сигурно дека се многу, можеби и премногу, но секако дека допреинесоа, секако дека направија голема работа. Особено во местата кои немаат можности за киноприкажување, убаво е чувството да видиш филм во убаво друштво. Zagreb Dox направи навистина многу на промоцијата на документарниот филм, и тоа е прекрасно. Постојат уште неколку многу интересни дистрибутерски екипи, резулататите на сето тоа полека доаѓаат и тоа ме радува. Сите се нетрпеливи и очекуваат инстант решенија, очекувам многу од помладата генерација.

Во последните неколку години категоријата музички документарци е моше популарна на фестивалите. На што се должи тоа?

Не ми јасно зошто ги нема и повеќе. Пред десет години започна поголемата и сериозна продукција на светско ниво, музичката индустрија го наметна овој процес, така да, безмалку секој бенд кој малку држи до себе забележал некој дел од својата кариера и тоа е одлично. Необично е тоа што комерцијалните телевизии не го користат тој голем потенцијал и популарност. Но во секој случај добро е тоа што голем број архивски снимки се сочувани и што дошле до поголем број луѓе. Во моментов трендот е во опаѓање и ќе биде интересно да се види како тој жанр ќе се развива.

T_S

Како дојдовте на идеа да го направите DORF, вашиот фестивал за музички документарци?

Ни беше досадно, хаха. Први на овие простори ја започнавме авантурата и навистина не знаевме до каде тоа ќе оди. Драго ни е што овозможивме подобра презентација и барем малку придонесовме некои од најинтересните појави од поп културниот свет да се приближат до медиумите и публиката. Во тоа време (зборувам за 2006 година), беше многу едноставно, имавме доволно интересни филмови за почеток и сега постојано ја пратиме рецентната продукција и го прикажуваме наинтересното.

Како е конципиран фестивалот?

Имаме 3 селекции – регионална, меѓународна и Тајната историја на рокот, со пропратни off настани. Тука имаше сешто, од изложби на плакати, стрипови, фотографии, накит, преку работилници, промоции на книги, се рабира и концерти. Немаме финансиска награда, а веќе две години, во соработка со Klasik TV финансиски го наградуваме најдоброто сценарио во создавање и на тој начин ги помагаме младите автори.

Каков е одзивот на публиката за овој вид документарни филмови, бидејќи сепак е фестивал наменет на одреден профил на гледачи?

Во Винковци станува збор за пар стотини гледачи кои доаѓаат и ја следат програмата редовно. И на репризите е слична состојбата, се работи за помал број луѓе кои секако ги пратат ваквите содржини. Не ја следиме меинстрим продукцијата, го прикажуваме она најдоброто што се случува на маргините, во дадените околности.

Кои се критериумите за избор на филмови за DORF и дали истите ги применувате и на фестивалот Cinedays?

Критериумот е приканата, не толку техничниот дел на изведбата. Секогаш даваме предност на тие што промовираат локална приказна и документираат нешто интересно од нивното опкружување. За Скопје се договараме со организаторите и прикажуваме и филмови кои не биле на нашиот фестивал. Се јавуваат доста автори, листата со тек на време се зголеми, и начелно станува збор за “Б каталог”. Па така, филмовите за Slint и Beautiful noise премиерно ги прикажуваме во Скопје, соработката е одлична и во оваа прилика им се заблагодарувам на тоа што нé следат и имаат доверба во нас.

Како се случи соработката со Cinedays?

Таа соработка трае веќе пет години и најзаслужен за тоа е Владица Младеновски од МКЦ. На слични фрекфенции сме и соработката е задоволство. Ако добро се сеќавам, првата информација за Cinedays фестивалот ми ја пренесе Петар Миртиќ од Суботица, подоцна ги запознав и останатите и некако бргу се наместија работите и се надевам дека тоа ќе трае.

Дали постои разлика во вкусовите на публиката на DORF во однос на Cinedays?

Не, мислам дека е тоа просторот на “Седмата република” (термин од книгата на Анте Перковиќ, се работи за ex-YU просторот, каде во таканаречената Седма република се сите оние што сакаат Нешто Друго, од Pixies или Husker Du, преку Шарло Акробата… обидете се да ја пронајдете книгата, одличен текст, а терминот вистински го покрива тој феномен). Навистина мислам дека екипата што ги сака Grant Hart или My Bloody Valentine има мошне слични погледи и естетика, било каде на светов. Нив ги нема во изобилство, но ги има, во некое гето, се дружат. Со DORF репризите досега бевме во 67 градови (во некои редовно, секоја година) и за овие осум години запознав навистина многу слични луѓе.

Што би издвоиле од овогодинешната програма на Cinedays, нешто што публиката не би смеела да го пропушти.

Секако филмот Breadcrumb Trail, документарец за феноменалниот бенд Slint, снимен од Lance Bangs (многу битен автор на спотови и филмови), го препорачувам и Hard Soil, на мошне интересниот независен германски автор Mark A.Littler, а мислам дека луѓето би требале да одвојат 60-ина минути од своето време за да го видат филмот за Марко Брецељ, генијалниот андергараунд автор од Словенија.

2011-та, филмот Ако никој не свири на авторот Ѓорѓи Јаневски беше прогласен за најдобар филм на фестивалот. Каков е интересот за македонската музика и македонските музички документарни филмови на DORF?

Да, тоа беше одлично. Во Ријека победи едногласно. Васко Атанасоски дефинитивно го заслужи филмот и ми беше задоволство што преку тој филм запознав и други кул луѓе, од Канал 103. Кај македонските автори ме фасцинира посветеноста, како и тоа дека секој го свири својот инструмент квалитетно. Минатогодишниот концерт на Bernays Propaganda во Винковци долго се раскажуваше. Бев горд кога Фолтин свиреа tribute to Morphine, заради филмот. Нетрпелив сум да го видам филмот за македонската музичка сцена од 80-ите. Изложбата на накити на Марија Милошевска во Ријека беше прилично гледана… одлични ми се The John и многу од тоа што направил Мирко Попов. Се разбира, не го заборавам и шампионот на Фејсбук, генијалниот С.П.

Каква е македонската продукција на музичките документарни филмови во однос на другите земји во регионот?

Од моето искуство, секоја година редовно добиваме филмови, што е одлично. Најмалку филмови добиваме од БиХ, а најмногу од Србија и Хрватска.