KIM BAND ‎

Ne, zaista žurim

KIM band

„Човек мора да верува во она што го работи за да успее. Да успее во креативна смисла, а не во славата“ – ќе рече во една прилика Кире Митрев не знаејќи дека тоа, многу години подоцна ќе му се случи токму нему, ученикот од основното музичко училиште во Битола, кој преку Факултетот за музичка уметност во Белград ќе специјализира аранжирање и тромбон на Berklee School of Music во Boston/USA како добитник на Quincey Jones стипендијата, кој имаше сон за „свој музички стил“. И се оствари, со неговиот прв албум „Не, заиста журим“. Еден од најталентираните тромбонисти на својата генерација, Кире Митрев обединува голема свиречка и пеачка екипа околу себе која напорно, од есента 1979 до зимата 1980 во Студиото VI на РТБ ќе сними 8 композиции, кои во годината на издавањето на албумот, пред сé поради својот содржајно авангарден израз и не беше баш широко препознаен. „Не, заиста журим“ донесе интелигентно нова музика која успеа да ја соедини танцовата возбудата на експериментот со комодитетот на поп изразот, без претходно виден или воспоставен рецепт како тоа некаде се прави, самоуверено опирајќи ѝ се на гравитацијата во дури секоја аранжманска акробација на албумот. Раскошен свиреж, монументално иновативни вокали, бит кој вози, насмевка на лице… се само некои цртки за албумот, останантото е на вас да откриете. „Не, заиста журим“ не припаѓа никому и не очекува ништо, затоа е и посебен. И сé уште современ.

Саша Павловиќ | Коза Ностра | 31 декември 2015