Ода за работникот | Marko Greyhound

M-G-R_H

Marko Greyhond и Ryan Harvey најавуваат заедничко EP издание за Deny Records (ЦД/дигитал) на кое ќе се најдат 8 песни:

Carlo Giuliani
The Soma Mine Massacre
More Than One
The Ballad of Stuart Christie

Ода за работникот
Се прашувам
Раздели/Владеј
Драг Премиере

Marko Greyhound песните ги снимаше кај Дарко Димитриески.

Воедно Марко открива: По издавањето на моето демо во мај 2014-та со Рајан Харви, кого го запознав некаде во август 2012-та кога свиреше во Скопје, заедно со Том Фремптон, дојдовме до замисла за овој проект, кој започна со реализација минатата есен. За него можам да кажам дека е трубадур и поборник за социјална правда и музичар позади кој стојат 10 изданија.

Промоцијата е закажана за 25-ти април во МКЦ.

Ви го претставуваме првиот сингл од ЕП-то „Ода за работникот“.

 

Мала плата-големи долгови,
Живот живеам на вересија.
Чесно работам, за чесно да живеам,
и да донесам храна на масата.

Бевме синови и ќерки на колективот,
Сега станавме деца на сонцето.
Тогаш имав на што да се надевам,
А сега стравувам да не гладувам.

Чесно работам,
За добро да живеам.
И не дозволувам,
Да ме прегази светот во кој јас живеам.

Трошна куќа и црни бели дробови,
Тешко е да работиш во фабрика.
Но не се жалам и јас не плачам,
Колку имам толку и давам.