Петар Јанков, карикатурист

Петар Јанков, роден 1967 година, во народот познат како басист на Ди Ди Ти, Гино де Гаги и нивните страсти и Архангел, вработен во ЕЛЕМ, во слободно време веќе две децении карикатурист, со прецизно око за нашата сложена реалност, населен најчесто во полето на класичната политичката карикатура, неутрален и политички рамнодушен. Првата карикатура ја објавил во Студентски збор во 1986, а објавувал и во Време, Шпиц, Дневник, Утрински весник, Остен, Нова Македонија и LTA Ace Magazine. Неретко е наградуван – Ranan Lurie Cartoon Awards во 2010, во 2011 Обединетите нации ја прогласуваат неговата карикатура на тема растечкото кинеско економско влијание во светот за една од десетте најдобри политички карикатури во светот, Ken Sprague Fund 2010 (Велика Британија) и Dicaco во 1999, 2000 и 2001. Како градежен инженер гради брани, како карикатурист руши предрасуди. Дами и господа, Петар Јанков.

 

PJc1

 

PJc2

 

PJc3

 

PJc4

 

PJc5

 

PJc6

 

PJc7

 

PJc8

 

PJc9

 

PJc10

 

PJc11

 

PJc12

 

PJc13

 

PJc14

 

PJc15

 

PJc16

 

CartoonStock

Jantoo

Cartoon World Library

ISSUU