Gentle giant

Playing the fool

Преиспитувајќи го густиот полувековен рокенрал опус, со особена претпазливост приоѓам под окупацијата на некрстените британци Gentle giant (во седумдесеттите потполно игнориран состав), а од денешна перспектива совршена предигра за new wave-от, но, да е парадоксот поголем, со огромно сомневање дека екстазата е веќе одамна занемарлива категорија. Па дури и Џинот не изигрува будалa.

Capitol-ptf-promo

 

GENTLE GIANT постоеа 10 скришни годнии. Формираии 1970 година, бендот опстојува со Derek и Ray Shulman, Kerry Minaear, Gary Green и John Weathers. Малку бендови можеа тогаш да го понесат лавиринт товарот на класичниот музички јазик и ингеренциите на рокенролот (во доаѓање). Безмалку, GG свират 30 инструменти, како во студио така и на сцена. А дека разликата помеѓу студиските снимки и живите настапи воопшто не постои е приказна за себе. Playing the fool e нивниот единствен вистински жив албум реализиран за време на нивната европска турнеа во септември и октомври 1976. Во овој, 90-минутен перформанс GG Be напаѓаат со 8 пастеризирани приказни кои во секоја наредна минута претполагаат ново и ново тркалање на giant коцката, концентрирано дури до максимум. Со зачудувачка прецизност пеат сите членови на овој инокосен бенд, кој спонтано и перверзно го гради својот луксузен настап. сочинет од микронска свирка и астро мелодии. Just the ѕаmе (од албумот Free Hand, ’75, Chrysalis) просro збунува со својата десетминутна live лежерност. “Read nо thoughts I didn’t think myself, just the same аѕ anybody else. Само пар иструменти на прокламацијата Оn Reflection. Бељата да (биде) е поголема – следува (Octopus) Boys In The Band. млечна 15 минутна jazz core балада за раните утрински часови. И секако префабрикуваниот островски траднционален звук. GG Boys имаат еден лајт мотив. Само еден. Еrзибициите на Miппеаг u Greeп се на моменти несфатлви за сетилат,. исто колку и преосетливоста на двајцата Shulman-и. потенцијалните Нежни џинови. Ритамот се движи и преместува секој момент, останатите само го следат. Љубопитните мелодии срамежливо се влечкаат од невознат правец и завршуваат во In а glass house, кадешто лежи избраната енергија на GG. Предадена безусловно? Ова е жив албум? Таа пренапукана енергија насочува кон So Sincere. зенитот на Playіng the fool, инаку во слободно време мамка за доселеннците на оваа планета …and every word is… so sincere. Па дури и џинот понекогаш изигрува будала.

 

Тротоар бр. 11
1996