[преслушуваме] Поповски Тасевски квартет

Параходот [Jazz Fortnight]

Албумот

„Параходот“ е снимен во живо во Јени џамија Битола изградена во 1558 година од Кади Махмуд - Ефенди.

Со две традиционални композиции „Едно моме“ и „Параходот“ и три авторски композиции „Пепун“, „Сага“ и „Зборувајќи ниско“ е симбиоза на авангардниот џез и традиционална македонска музика со ориентален вкус.

Корицата на албумот е куќата на дедото на Сашо во село Брезово.

Членови на квартетот се Сашо Поповски на гитара, Стефан Тасевски на саксофон и кларинет, Горан Димитровски на бас гитара и Зоран Озо Ристевски на тапани.