[видео] My Tear и Петар Младеновски

Последниот Дедо Мраз

Концепт, режија и монтажа на Горјан Атанасов, колор корекција на Бранко Аврамовски и камера на Риз Трубадур.

Текстот го напиша Васко Атанасоски, музиката Дени Крстев и Васко Атанасоски, аранжманот Васко Атанасоски и Дени Крстев.
My Tear се Дени Крстев, Васко Атанасоски, Мартин Митевски и Кристијан Лафазановски.
Снимено, миксано и мастерирано во Студио 1060 во Скопје, од ноември до декември 2018 од Дени Крстев. Продуцирано од Васко Атанасоски.
Главен и одговорен уредник: Васко Атанасоски.

Балкан Велики 2019

Не сакам да топам нешто што не се топи
Замрзнува сè што ќе погледнам
Не сакам да топлам нешто што не се топли
Наместо да течам – смрзнувам

Нека врне, нека паѓа
Нека снежи, нека ежи
Нека студи, нека буди
Нека врне, нека паѓа…

Не сум некој којшто може да ти суди
Во сонот мој, снегот е сè уште мек
И стварно не знам зошто толку ти се чудиш
Ние двајцата не сме од овој век

Не сакам да бројам нешто што не се брои
Да помине животов ‘ко буква без глас
Не можам да губам нешто што не се губи
Останувам последниот Дедо Мраз

Нека врне, нека паѓа
Нека снежи, нека ежи
Нека студи, нека буди
Нека врне, нека паѓа…