Mooger Fooger

Продолжи да сонуваш

Новиот „Пакет аранжман” на македонски. Делото на сјајната генерација вдахновени музичари и уметници на 21. век.
Оригинално наречени Mooger Fooger, е најновиот бенд од Скопје, бенд за кој има несекојдневна можност да ве „фати“ на прва, онака под ребро, сосема неочекувано, како што тоа пред 5-6 години го направија Bernays Propaganda, или за жал, далеку помалку популарните PMG Kolektiv. Бендот во својата основа го сочинуваат Сеад Сецко Хаџиќ, Огнен Магнаровски (гитари) и Ѓоле Максимовски (бас), со учество на уште 15-ина музичари, меѓу кои ги препознавам Сашко Костов и Васко Атанасовски, а за нив, се надевам, дека знаете се најверибест. Тие во огромниот широк состав имаат, како во најдобрата Talking Heads постава од периодот 1980-1983 – клавијатури, саксофони, придружни вокали, мандолина, ударни инструменти, како и неколку текстописци кои на овој огромен проект му даваат посебен белег.

S_S_H

Веднаш во стартот да кажам дека на прва, како најангажирана песна исплива „Во она време“, која се наоѓа токму во средината на албумот, во стапица на комбинацијата на новиот бран, готикот, одличните клавијатури на Божо Кузмановски и текстот за корумпираните банкари , Содома и Гомора, со класичните метал-панк теми, се чини како David Byrne онаа негова легендарна “Life during wartime” да ја претворил во македонската реалност. Песната е засилена со одличниот саксофон на Горан Трајковски, кој е, исто така, и вокал со Curtis-овски баритон, па некој би помислил дека Miladojka Youneed после многу години пауза направиле песна. На македонски. Сите алтернативци слушаат и ги сакаат Joy Division, повеќе од Битлси, Стонси и Флојд, тоа е јасно и не треба да се објаснува зошто тие не ги приметуваат писателите кои се палат на Август Шеноа, Мирослав Крлежа и оние уметници-сликари кои никогаш не го разбрале таванот на Систинската капела, начичкан со хомосексуалците во Ватикан, направени од Микеланџело. Првиот панкер во уметноста со голи мажи претставени како ангели, хахаха, о каква безобразна провокација.

Всушност, целиот албум се сведува на извонредна алегорија на Библијата, најчитаната книга на човековата цивилизација со метафоричните текстови од кои никој нема да стане умен, туку само послушни и верен пес. „Продолжи да сонуваш“ е неоптоварена и е со јасна идеја – во првите неколку песни бендот гази речиси како Hüsker Dü и раните R.E.M, па дури и The Smiths („Победа или гнев,“, „Доволно е“, „Продолжи да сонуваш“), минималистички сликаат со едноставно и релативно брзо темпо на класичниот рок-панк/поп бенд со јасна порака какви што некогаш имааа најдобрите пост-панк изведувачи, вклучувајќи ги и Echo & The Bunnymen. Особено бев заинтересиран за тоа како Сашко Костов се вклучи во оваа приказна. Замислете го Боуви во хип-хоп, ќе речете – не му одговара на него. Боуви веќе одамна ги поддржа првите хип хопери,  The Last Poets уште во почетокот на 70-ттите. „Застани” го покажува овој уметник, заедно со Ристе Солунчев на вистински пргав балкански начин, во варијанта која малкумина би ја очекувале.

 

 

Остатокот од материјалот се полесни песни со многу убави женски вокали (и Маријета Неца Фалк-овски): „Невина белина“ е преполна со исклучително силниот глас на Тања Тас, а некако најслабата се чини машката „Изброи до три“. „Тунел“ е психоделичен indie/dream-pop (со придружен вокал како Anthony Hegarty, според мене ниту Леб и Сол не направиле подобра поп песна на македонски), додека една од најубавите песни е претпоследната „Тишина“ со прекрсаниот и сензуален dark-gothic вокал на Соња Димитроска. Ако тоа не знаете да го прочитате и ако овој едноставен македонски јазик го сметатае за неразбирлив, тогаш повторно назад во училиште, во 3-то одделение. Последната песна на албумот „Јас“ е во стилот на Електрични Оргазам од “Lišće prekriva Lisabon”.
Кога ќе се разгледа и детализира трудот и целата идеја околу, хм? бендот или проектот, од А до Ж е капитулиран фокус на андерграунд сцената чија крајна цел е увото на аудиториумот и силниот македонски национализам. Да се разбереме, национализмот не е негативна појава. Сакајќи го својот народ и нагласувајќи ги своите обележја, па каква тоа вреска има со со негативноста. Тука се наоѓаат и Крокодили и Пластика и Маљчики и Она се буди, но на сосема ново ниво. Добрата и правата генерациска песна никогаш не треба да поминат незабележано, а такви тука ги има во изобилство.